Првата година од животот на бебето е интензивна и исцрпувачка за сите родители. Жените се принудени веднаш да се приспособат на новите околности затоа што едноставно немаат избор. Од друга страна, на некои мажи им треба малку повеќе време да се приспособат на доаѓањето на бебето во семејството. Во продолжение ви пренесуваме работи што никогаш не треба да ги прават новите татковци.
Поставување на прашањето зошто вашата сопруга плаче
Можеби бисквитата ѝ се скршила во чајот, можеби влечката ѝ се распаднала додека одела низ салонот, можеби само кивнала. Сите овие работи се валидни причини за плачење кога имате бебе. Всушност, сите овие работи се валидни причини за плачење во кое било време и на кое било место. Момци, кога жената плаче, таа не очекува да ја „поправите“. Од вас да ја утешите додека не заврши плачењето.

Преспивање на неделата
Спиењето, особено во викендите, нема да биде пожелна опција! Задолжително обидете се да се договорите со сопругата, но не очекувајте дека неделата и понатаму ќе биде ден за лежење в кревет!
Фудбал со друштвото во текот на викендите
Знаеме дека мажите сакаат да се дружат со друштвото, но учеството во игри веќе не може да биде целодневна обврска.
Претпоставка дека сопругата ќе биде единствениот возач во куќата
Да, ако дои, веројатно не пие. Но, тоа не значи дека мора да ве развозува во следните 12 месеци.
Прифаќање покани за ручеци во име на сопругата
Ова едноставно не смее да се случи.
Водење евиденција за тоа колку често имате секс
И жените се свесни дека по доаѓањето на бебето сексот е во втор план и се чувствуваат лошо поради тоа. Но, постојаното споменување колку поминало од вашиот последен однос не е премногу ефикасна стратегија.
Давање одговор на прашањето: Дали изгледам дебела во ова?
Само преправајте се дека не сте слушнале. Напуштете ја собата и не враќајте се додека сопругата не заборави дека го поставила прашањето.
Не купувајте ѝ правосмукалка како роденденски подарок
Знаеме дека овој подарок изгледа практичен и се согласуваме дека ќе ѝ го олесни животот. Но, би било подобро ако ѝ подарите накит.

Ѝ предлагате да удомите куче
Не е време за куче додека таа не каже дека е време за куче.
Ѝ предлагате да имате друго бебе
Одговорот е ист како и на претходното прашање.
Останувате на „деловни“ пијалаци во петок навечер
Не обидувајте се да ја убедите сопругата дека тоа е дел од вашата работа или дека тоа е клучен дел од „напредувањето“. Сите сме работеле и знаеме што се пијалаците во петок.