Кога се зборува за лошото и несоодветно однесување, често се мисли на момчињата. Научете го вашиот син на некои важни животни правила што ќе го водат во животот. Едноставни се, но прават голема разлика во неговиот однос кон светот.

Кажете му го следното:

Спортувај

Не мора да станеш професионален спортист, но знај дека занимавањето со спорт одлично ќе те подготви за животот. Ќе научиш да победуваш искрено, да почитуваш авторитет, работа во тим, добро да го распоредуваш времето.

Едуцирај се

Твоето знаење е нешто што никој не може да ти го земе, не ја губи вредноста и ќе ти понуди безброј можности.

Помагај дома

Дозволи да те запознаам со машината за перење, машината за миење садови, рерната, првосмукалката, метлата и крпата. Сите овие работи се направени и за тебе. Користи ги!

Немој да бидеш насилник

Никогаш немој ти да си тој што почнува кавга и тепачка. Но ако некој те малтретира – брани се!

Почитувај го женскиот пол

Жената може да направи сè што и ти. Тоа значи дека таа може да има успешна кариера, а и ти во 3 часот наутро може да менуваш пелени. Заемната помош и почит се клучот за успех на една врска.

Внимавај на своите манири

Молам, благодарам, господине и госпоѓо се зборови што ги отвораат сите врати.

Биди културен и нежен во разговорите

Човечките односи се комплицирани, па имај на ум дека не е важно да бидеш во право, туку да бидеш нежен и внимателен во односот со другите.

Цвеќето е секогаш добра идеја

Не мора да постои посебна причина за да му подариш цвеќе некому. Тој подарок секогаш изненадува и измамува широка насмевка.

 



912

X