Како што доаѓаа моите деца на овој свет, така сакав со нив да споделам некои од најважните работи што ги научив во животот.

Ми требаа речиси 40 години за да ги научам. Знам дека листата е долга и никогаш нема да го заземе местото на нивното лично искуство, но се надевам дека ќе ги однесе во вистинска насока.

Еве што секое дете треба да слушне од својот родител.

Достојно си за љубов

Без разлика што правиш или не правиш, секогаш си достоен за љубов и тоа никој не може да го промени.

Имаш цели во животот

Пристигна на оваа планета со нешто уникатно што само ти можеш да го достигнеш во овој живот. Ова се менува како што минуваш низ животот, затоа не барај една конкретна цел. Само верувај му на срцето и продолжи да ги правиш работите што ти даваат радост и енергија.

Никогаш не дозволувај друг да ти каже дека она што го правиш или сакаш не е во ред, не вреди или губиш време.

Сите во еден момент покажуваме добри и лоши особини

Некогаш ќе бидеш послушен, некогаш непослушен, некогаш кооперативен. Во некои моменти ќе си скржав, а понекогаш дарежлив. Ќе има моменти кога си среќен или тажен, енергичен или мрзлив, груб или учтив.

Ниту едно од овие не е добро или лошо и сите имаат свое место во светот. Не осудувај за нешто што го правиш или не го правиш. Некогаш си совршен, некогаш си сакан, некогаш балансираш.

Универзумот е избалансиран и полн со љубов

Во секој момент, сè е совршено, балансирано и сакано. Сите сме поврзани во поголема мрежа на интелигенција и ред и си дел од многу поголема слика.

Постои само еден вид слободна волја: избор да се прифати сегашниот момент или да се одбие

Ако го прифатиш, животот ќе ти биде полн со радост и љубов. Ако го одбиеш, животот ќе ти биде мизерен и тежок.

Избери да го прифатиш. Ако изгледа лошо, најди ги придобивките и подарокот во него. Ако е добро, најди ги недостатоците. На тој начин, секој момент ќе биде избалансиран.

Негативните емоции се таму за да ги почувствуваш

Понекогаш ќе се чувствуваш лошо. Гнев, расправии, критики, депресија. Ако се појават овие негативни емоции, застани и почувствувај ги. Не бегај затоа што сами ќе поминат.

Твоите емоции се начин на твојот несвесен ум да ти испрати брза порака. Преку емоциите го прави тоа.

Секогаш стави се себеси на прво место

Не е лошо или себично да се ставиш себеси на прво место. Всушност, од суштинско значење е. Ако се грижиш за себе и ако велиш не за работи што не ти одговараат, тогаш го почитуваш она што ти е важно. Кога се грижиш за себе, полн си со светлина, енергија и љубов.

Нема нешто што „мора“ да го направиш

Следи го срцето и уживај во моментот. Ќе го трансформираш светот преку твоето присуство. Внимавај на зборовите треба и не треба. Тие зборови се како мали црвени знамиња кои ти кажуваат дека ја потчинуваш сопствената висина на она што некој друг го сака или мисли дека е важно.

Никогаш не земај го туѓото мислење при срце

Сите ние го филтрираме светот преку она во кое веруваме и преку работите на кои сами треба да работиме. Што и да правиш или кажеш, секогаш ќе има луѓе што ќе го поддржат или нема да го поддржат тоа. Сакај ги и цени ги оние што велат дека си прекрасна личност и сакај ги и цени ги оние што те критикуваат и напаѓаат. Заедно ќе ти помогнат да ги постигнеш твоите цели.

Нема од што да се плашиш

Сè што ти се случува е за твое растење. Работите се случуваат со причина. Дури и од лошите работи ќе научиш неверојатни лекции.

Автор: Миа Вон Ча
Извор



912

X