Воспитување

Работи што родителите им ги дозволувале на децата пред 40-50 години, а денес се незамисливи

Родителите поради разни црни сценарија што постојано им се сервираат, станаа премногу внимателни па не ги оставаат децата ни да дишат

Родителството значајно се промени во последните три децении. Нешто што во 80-тите години било сосема нормално, денес е работа поради која во многу земји би можеле да реагираат и социјалните служби. Повеќето од тоа секако донела поголема сигурност за децата, но факт е дека родителите поради разни црни сценарија што постојано им се сервираат, станаа премногу внимателни па не ги оставаат децата ни да дишат.

Ова се најголемите разлики.

1. Децата останувале сами дома

Децата често останувале сами дома, понекогаш и пред нивната шеста година со советот: „Не отворај никому!“

2. Со часови без надзор

Денес постојат посебно заштитени лулашки, посебни подови во детските паркови, играчки од посебен материјал. Обичната игра во паркот стана научна фантастика. Но родителите од 70-тите и 80-тите ги испраќале децата надвор и нив со часови ги немало. Ограничувањето било: „Не оди подалеку од она патче!“

3. Не носеле шишиња вода

Кога децата надвор ќе ожеднеле, тие оделе во првото кафуле или првиот ресторан и го прашувале келнерот за чаша вода.

4. Си играле додека не падне мрак

Немало мобилни телефони, децата не носеле часовници, па времето на доаѓање дома било ограничено со: „Додека не падне мрак“. Ако детето не се појавело, мајката ќе започнела да вика од прозорецот и тоа било тоа.

5. Се пушело и дома и покрај дцата

Се пушело на секој чекор, родителите пушеле во автомобили, во дневните соби, а било нормално и да се храни детето, додека родителот држи цигара в уста.

6. Не се носеле кациги

Родителите не се грижеле премногу дали детето ќе падне од велосипед или додека се вози на ролшули. Гребнатинките и модринки биле сосема вообичаени. Денес децата на велосипед мораат да носат заштитна кацига додека возат.

7. Не постоеле детски седишта за в кола

Сите кои пораснале пред 90-тите уште се сеќаваат на возењето на море на задното седиште од автомобилот. Родителите правеле вистинска „спална“ од задните седишта. Денес седиштето за в кола е задолжителна опрема во секој автомобил и дефинитивно неопходна за безбедноста на децата.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top