Децата се наши големи учители. Ова се работите на кои секогаш нè учат, а за кои претходно не сме ни сонувавме. Луѓето што имаат деца ќе се препознаат во овие животни мудрости…

Да се биде родител е многу потешко отколку што си мислевме претходно, а причината за тоа делумно е затоа што нашите дотогашни животи, со доаѓањето на детето, буквално ни се свртија наопаку. Така, некои работи што претходно беа нелогични сега стануваат многу логични…

Канцеларијата на работа станува место за малку одмор

Местото што некогаш беше симбол за стрес сега изгледа како спас. Така, на пример, доколку канцелариите се споредат со нашите дневни соби, кои моментално се соби за игри за нашите деца, одењето на работа и сите задачи одеднаш се релаксирачка медитација од која стануваме зависни.

Отпечатоците од прсти на огледалата и стаклата се појавуваат сами

Веднаш штом ќе ги избришете стаклата и огледалата и ќе ги отстраните отпечатоците од прстите, тие одеднаш повторно се појавуваат на други места. Колку волшебно! Постојаното чистење и миење се чини бескорисно.

Будилник – што е тоа?

Ако имате деца, тогаш не ви е потребен будилник што ќе ви каже кога е време да станете. Бидејќи децата стануваат уште пред да заѕвони будилникот. А тоа е обично многу порано отколку што сакате. Особено во текот на викендот, кога поради некоја причина, будењето се случува уште порано.

Перењето е табу-тема

Немојте да им ги фрлате омилените играчки, кадифени мечиња или ќебиња за перење. Да, добро е тие да мирисаат на перено, но омилениот пријател има свој мирис што е одличен.

Што значи доволно сон? Тоа е прашање на перспектива

Оние што можат да спијат четири часа се совршено способни да го совладаат денот, дури и ако во минатото тоа се чинеше невозможно. Шест часа, тоа е подарок, а осум часа сон е луксуз што не помните дека сте го имале.

Какво овошје, секогаш бонбони

Не е важно дека овошјето е сечено во совршени парчиња или колку бои и витамини има во овошната салата што изгледа толку примамливо – гумените бонбони се секогаш подобри.

Тишината не е знак за нешто добро

Колку и да е прекрасен моментот кога во домот преовладуваат тишина и мир, кога домот е тивок, а децата се будни, родителите веднаш почнуваат да паничат. Зошто? Затоа што во тие моменти најчесто децата прават нешто што на мама и тато сигурно нема да им се допадне.



912

X