Се гордеам што сум мајка која ужива да разговара со своите деца. Се трудам да бидам што е можно поискрена. За возврат, имавме навистина прекрасни и продуктивни дискусии низ годините.

Имаше моменти кога се каев за тоа што ми излегло од уста. Поточно кажано, се каам поради неколку работи што ги кажав. Ова се некои од нив:

„Секако, можеш да спиеш во нашиот кревет!“ – Оваа реченица обично е проследена со: „Ама само овој пат!“ Предупредување: ќерка ми никогаш не замина од нашиот кревет. Поради различни околности, се откажавме од обидот да ја научиме да спие во сопствениот кревет.

„Забната самовила доаѓа вечерва“ – Јас не сум човек што сака да ја уништи фантазијата на невино дете. Всушност, Дедо Мраз ми е најдобар пријател и доаѓа еднаш годишно. Забната самовила, од друга страна, сака многу да доаѓа, па има дојдено над 20 пати. И планира и понатаму да доаѓа.

„Кога е времето убаво, излегуваме надвор и играме“ – Децата се како слоновите – не забораваат. Штом сонцето се појави, тие претпоставуваат дека е време за игра. Секој проклет ден. Ова исто така подразбира интеракција со другите – процес во кој никогаш не сум уживала.

Детските паркови се страшно место. Со секое излегување очекувам детето да биде повредено, да се изгуби или да има тантрум.

„Ајде да го вклучиме омилениот цртан“ – Едно време се чинеше како добра идеја. Бев уморна, а Дора истражувачката е одлична дадилка. По десет часа иста песна и смешни реплики, мислам дека е доста. Освен тоа, не можам да го земам далечинскиот управувач и да пуштам нешто што сакам да го гледам.

„Користи зборови“ – Се сеќавам дека оваа фраза ја слушнав кога јас бев ученичка и мислев дека е генијална. Но, децата треба да најдат начин и да ги изразат своите чувства. Отсекогаш ги охрабрував децата да бидат вербални, до моментот кога сфатив дека децата НЕ престануваат да зборуваат. Цел ден. Секој ден!

„Ако го направиш тоа, ќе ти го дадам тоа“ – Попознато и како „мито“ или „поткупување“, жалам за оваа фраза. Проблемот е што треба да го исполниш тоа што си го ветил. На пример, на ќерка ми ѝ ветив посебен ден ако цела ноќ спие во својот кревет. Следниот ден фати ужасна снежна бура и не можевме да одиме никаде.

Иако не можам да ги вратам зборовите што сум ги кажала, благодарна сум што моите деца слушаа најмалку 50 отсто од она што им го кажав.

Автор: Кејтлин Саливан
Извор



912

X