Воспитување

Работи што никогаш не треба да им ги кажувате на децата

Децата често ги поместуваат границите на издржливост на сопствените родители, но некои работи родителите би требало навистина да ги прескокнат, односно да се воздржат од нивно изговарање. Имено, некои од коментарите на родителите може да им останат во сеќавање на децата и кога ќе пораснат, па да прераснат во своевидна траума.

Неколку родители на „Quora“ споделиле некои од психолошки најштетните работи што нивните родители им ги кажале додека биле деца. Тие работи им се врежале во сеќавањето, па затоа сега не сакаат да ги повторуваат истите грешки со своите деца.

Лук Миер, самохран татко на три деца, смета дека зборовите на родителите кои „целосно го понижуваат трудот и талентот на детето“ се дефинитивно меѓу најштетните. Кога бил дете, родителите често му велеле да престане да свири и да ја намали својата виолина, за тие да гледаат телевизија, нешто што го помни и денес. „Лоши се и работите кои на детето му ги кажувате како вистина, а тоа подоцна дознава дека биле лага. Ако тој образец се повторува, тој е штетен и подоцна во животот“; коментирал таткото.

Дејвид Хантер смета дека понекогаш поважен е начинот на кој го изговараме работите. „Децата се многу чувствителни на промени и расположението на своите родители, веројатно повеќе отколку на самата содржина што ја кажувате“, смета Хантер.

Таткото Карл Нганча смета дека е најлошо на детето да не му се каже ништо, смета дека тоа е психолошки најтешката работа што може да му ја направите на детето. „Притоа мислам дека воопшто не разговарате или на некој начин комуницирате со своето дете“, смета таткото.

Многу родители се согласиле дека никогаш не смеете да го омаловажувате своето дете или да ја исмејувате неговата болка. Други предупредиле родителите да не го споредуваат своето дете со браќата и сестрите или пријателите. Исто така, на детето му е непријатно кога ги потенцирате неговите маани и пропусти пред другите и роднините, бидејќи тоа ги засрамува.

Автор: Јасмин Хариша

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top