Мојата ментална способност е нарушена. Понекогаш е смешно, понекогаш е незгодно. Не можам да го поднесам губитокот на мозочна маса до кој доаѓа поради мајчинството!
Гречен Босио е мајка на три деца. Нејзиниот премин во мајчинство, како што вели, бил бавен како желка или како интернетот во 1995. Секојдневно напредува, но само еден погрешен чекор може да ја врати недели наназад.
„Се сеќавам на мојот стар живот додека уживав во новиот живот со мојата нова мала личност. Ова е слатко, иако понекогаш е фрустрирачки зашто многу работи допрва треба да се вратат во нормала“.
Дури и по 6 месеци од породувањето, кога се чини дека сите заборавија дека пред неколку недели „извадив“ човек од своето тело, мојот живот е далеку од оној што некогаш беше, напиша Гречен за Mom.me.
Јас не сум една од оние мајки што брзо се враќаат во нормала. Ми треба време. Делумно затоа што тоа му треба на моето тело по породувањето, а делумно затоа што сум лишена од сон и сè што е надвор од најнеопходните потреби изгледа застрашувачко. Мојот стил на мајчинство да имаше логотип, тоа ќе беше желка.
Ова се работите што би сакала да се вратат во нормала што побрзо.
Градите
Овие машини за млеко беа на располагање 24/7 многу месеци. Сè се врти околу тие гради и детето што ги држи во рамнотежа. Мојот градник постои само за таа функција (се сеќавате кога долната облека беше моден додаток?)
Мозокот
Овие денови сè заборавам. Или ги мешам работите. Мојата ментална способност е нарушена. Понекогаш е смешно, понекогаш е незгодно. Не можам да поднесам дека се губи мозочната маса поради мајчинството.
Големината на стапалата
Ако некој носи број 38, имам полн плакар со неверојатни чевли за вас! Очигледно стапалата ми пораснаа и во должина и во ширина во текот на третото тримесечје и немаат намера да се вратат во нормална големина. Баш штета!
Сексуалниот живот
Каде се сите мајки со лошо либидо? Ви велам, тие хормони по породувањето не се шега!
Косата
Не знам ни од каде да почнам! Мојата коса по породувањето беше раскошна, виткана, прекрасна. Тогаш почна да паѓа. Сега не може да се одлучи дали е мрсна или сува.
Апетитот
Во текот на бременоста копнеев по цимет. Сега копнеам по сè што има калории. Постпородилниот период ме прави многу гладна.
Кариерата
Претходно живеев за работата. Тоа ми беше врв. Сега тоа едноставно не е така. Сè уште имам страст за тоа што го работам, но тоа го поттикнува моето семејство. Децата знаат како да ги повлечат приоритетите, зар не?
Мојот одмор
Ова го пишувам во 1 часот по полноќ, а вие сигурно го читате во 3 часот додека доите. Спиењето ноќе е тотална шега. Тоа е повеќе како неколку дремки што се потребни во 24 часа за преживување?