Бременоста е магично време. Малиот стомак што подоцна расте прераснува во бебе што се движи и клоца. Имате добра причина зошто да го сакате вашиот стомак. Можете да јадете крофни и моркови истовремено затоа што сте бремени. Вашиот партнер ќе оди каде било само за да ве задоволи. Имате можност да купите нова гардероба. Непознати луѓе ви се смешкаат.

Блогерката и колумнистка Елизабет Бродбент, која е и мајка на три деца, вели дека постојат работи што не би требало да ги правите во бременоста за да не го уништите целото тоа доживување.

– Постојат одредени работи што не треба да ги правите кога сте бремени. Не мислам на пиење вино или јадење суши, туку мислам на глупави секојдневни работи што треба да ги избегнувате за доброто на вашето здравје и разум. Јас ги направив сите. Бев глупава. Немојте да ги правите истите грешки.

Ова се работите што Елизабет препорачува да ги избегнувате додека сте бремени:

1. Поместување на мебелот

Мојот маж не беше дома. Сакав да ја преместам масата за пресоблекување од ходникот во детската соба. Бев во шестиот месец од бременоста. Логично, требаше да чекам. Но, мојот труднички ум ми рече дека ова мора да се заврши веднаш.

Затоа повлеков и туркав. Го подигнав едниот крај, за наеднаш да ја спуштам целата маса на ножниот прст. Останав без нокт. Го завиткав прстот и продолжив да туркам. 30 минути подоцна масата за пресоблекување беше наместена, мојот сопруг лут, а јас бев исцрпена. Плус, мојот прст беше повреден. Научена лекција.

2. Носење едноделен костим за капење

Со мојот прв син приговарав поради својата дебелина од првото тримесечје до породувањето. Кога одевме на базен, го криев мојот стомак зад едноделен костим за капење. Бев попаметна во втората бременост. Кога инаку ќе имате толку голем и прекрасен стомак? Затоа, го заменив едноделниот костим со дводелен. Изгледав одлично, а ќе изгледате и вие.

3. Грижа поради стриите

Веројатно ќе ги добиете. Кога ќе се појават првите и ќе заплачете. Јас ги добив на градите и веднаш истрчав на горниот кат кај свекрва ми и со солзи ѝ ги покажав. Таа ми се смееше. Мислеше дека сум безобѕирна, а сега знам дека е во право.

Вашето тело се тегне така што е невозможно да се избегнат, но тие ќе исчезнат. Или ќе изгледаат како пруги на моќна лавица. Сте ги заработиле во вашата битка. Немојте да се одрекувате од нив.

4. Патување на крај на бременоста

Едноставно немојте. Прво, мора да се пакувате, а потоа мора да се пакувате уште малку, а потоа мора да го соберете сето она што сте го заборавиле првите двапати. Потоа сте заглавени во авион или автомобил, а имајте на ум дека ќе мора да застанувате на секои 10 минути затоа што ќе ви се оди во веце, што ќе им оди на нерви на сите што не се трудни. Кога ќе стигнете на посакуваната дестинација, таму нема да има доволно перници, а од мирисот на ресторанот нема да ви биде добро.

Останете дома во сопственото гнездо со перници.

5. Штедење на перници

Мене ми беа потребни шест – две за главата, по една за секоја страна на телото и по една за стомакот и бедрата. Ова беше глупаво. Наместо тоа, требаше да купам една од оние големите труднички перници во форма на буквата „U“ што нуди најголема удобност. Запомни, трудна си. Го заслужуваш тоа колку и да чини.

6. Се двоумите дали да го користите адутот „трудна сум“

Во вас расте човечко суштество. Ова е една од најтешките работи што човечката раса може да ги направи. Затоа заслужувате да го добиете тоа што го сакате. Сакате да јадете? Трудна сум. Сакате да останете дома? Трудна сум. Сакате да купувате облека? Трудна сум, трудна сум, трудна сум.

7. Влегување во секоја продавница што продава работи за бебиња

Влегов во продавницата, разгледав наоколу и се расплакав. Колку работи му требаат на моето бебе за да преживее? Плачев и по патот до дома. Потоа седнав и направив листа со работите што навистина треба да ги купам. Тие работи вклучуваа облека, пелени, кенгур и креветче. Со списокот не ме преплавија толку емоции.

8. Премногу да се потпирате на планот за породување

Имав план што звучеше приближно вака: би отишла во болница кога апсолутно ќе морам, а потоа би лежела таму во топла вода. Болките не би биле премногу силни, со звуците на мојата омилена музика, додека мојот син тивко не дојде на свет и не ме погледне откако ќе го извадам јас за тој да го вдише својот прв здив како да е Симба. Јас би јадела и би пиела. Веднаш би почнала да го дојам и би отишла дома за четири часа, а околу мене би имала магична прашина и само добри вибрации.

Наместо тоа, бев префрлена во болница со страшни болки, дехидрирана, закована во креветот, неспособна да јадам и морав да туркам три часа. Ова не беше породувањето што го сакав. Можев да го избегнам тоа ако бев пофлексибилна во врска со моите очекувања од почеток. Немојте да бидете како мене.

9. Удомување ново домашно милениче

Трудна сте. Немате време да тренирате кученце. Удомивме германски овчар додека бев бремена со третиот син. Иако на крај сè заврши како што треба, првите неколку месеци дома беше целосен хаос. Не е фер кон кучето и не е фер кон вас. Строго правило во бременоста – минимизирајте го бројот на животи за кои сте одговорни. Верувајте ми.

Автор: Елизабет Бродбендт



912

X