Завиткувањето на новогодишните подароци е момент полни со радост и позитивна енергија. Покрај тоа, и мајката и ќерката можат да научат нешто ново една од друга, можеби некој трик при завиткување подароци или врзување панделки.

1. Печете колачи

Соберете неколку рецепти за празнични колачи и испечете ги заедно. Украсете ги и одлучете на кој од вашите соседи и пријатели ќе му донирате дел од нив.

2. Купувајте подароци заедно

Но, обидете се да го избегнете времето кога во продавниците има најмногу метеж за да можете да уживате во купувањето без притисок. Конечно, одете заедно во мал ресторан на вечера.

3. Завиткајте ги подароците

Ова се навистина посебни моменти полни со радост и позитивна енергија. Покрај тоа, и мајката и ќерката можат да научат нешто ново една од друга, можеби некој трик при завиткување подароци, врзување панделки.

4. Отпатувајте накратко

Одете во мал град или село познато по своите магични божиќни украси и одлична празнична атмосфера. Тоа може да биде еднодневно патување или кратка пауза за време на викендот. А тоа се моментите што ќе ги паметите цел живот.

5. Прошетајте низ вашиот град

Организирајте мала обиколка на градот во потрага по прекрасни новогодишни украси. Тоа може да бидат плоштади во центарот на градот, но и убаво украсени куќи во соседството.

6. Одете на топло чоколадо

Едноставно излезете од дома и одете во најблиското кафуле на топло чоколадо. Опуштете се и разговарајте.

7. Гледајте божиќни филмови

Стуткајте се под топло ќебе и гледајте филм со божиќна тема во мир.

8. Украсете го вашиот дом

Одберете украси заедно и договорете се каде да ги ставите за домот да блесне за Божиќ. Доколку имате куќа, не заборавајте малку да го украсите дворот.

9. Гледајте старите фотографии

Прелистувајте стари фотоалбуми и освежете ги вашите спомени. Погледнете како порано се прославувале празниците и сетете се на сите драги луѓе што можеби повеќе не се со вас.

10. Направете украси

Најдобрите украси се оние што ги правиме сами, и тоа не само затоа што самите сме ги направиле, туку и поради спомените кои се појавуваат кога го правиме тоа со нашата мајка. И не заборавајте на рачно изработените честитки.

11. Помогнете им на другите

Секогаш има луѓе што живеат скромно, можеби се сами, беспомошни и им треба помош од другите. Заедно, помогнете некому, можеби на соседот, или волонтирајте во старски дом, помогнете во споделувањето оброци со бездомниците, разубавете им ја празничната сезона на сирачињата.

12. Подарете им на сиромашните

Секој знае семејство што е сиромашно. Така, ако знаете, на пример, семејство со деца кои не можат многу да си дозволат за Божиќ, однесете им кошница со намирници потребни за празниците и на секое дете дајте му подарок.

Извор



912

X