Игротека

Работи што ќе престанете да ги правите во вториот триместар од бременоста

За многумина ова е еден од најубавите периоди од бременоста. Вашите утрински мачнини веројатно исчезнале, а вие сè уште не го чувствувате физичкиот напор од тежината на вашето бебе. Со причина го нарекуваат „меден месец“.

Вториот триместар трае од 13. до 28. недела. Она што особено ќе ги израдува некои трудници ќе биде можноста да го дознаат полот на бебето помеѓу 14. и 15. недела од бременоста. Во овој период бебето брзо расте и многу е важно мајките да се фокусираат на здрава исхрана која е многу важна за развојот на бебето.

Ви пренесуваме 8 работи што идните мајки треба да престанат да ги прават во овој период.

1. Време е да престанете да носите облека која не е за бремени жени

До вториот триместар бебето веќе порасна доволно и вашиот стомак станува повидлив. Облеката за трудници сега станува императив. За среќа, постојат продавници за таква облека, па ќе изгледате „стилски“ и ништо нема да ве стега. Плус, време е да почнете гордо да го покажувате својот стомак и да престанете да се грижите за обемот на половината.

2. Животен стил

Сите трудници ги знаат опасностите од одреден начин на живот. Цигари, алкохол… сето тоа треба да го заборавите. Исто така, се препорачува избегнување на зачадени места.

3. Заборавете на чевлите што ги носевте досега

Еден од вообичаените проблеми во бременоста се отечените нозе поради вишокот течности што се задржуваат во телото. Во текот на бременоста телото произведува околу 50 отсто повеќе течности од вообичаеното, а тоа најчесто резултира со отечени нозе. Заборавете на штиклите, време е за патики и удобни чевли.

4. Градници

Иако повеќето жени не се откажуваат од обичните градници до крајот на бременоста, се препорачува да носите градник за доење веднаш штом ќе дознаете дека сте бремени. Имено, жицата од градникот може да го оштети мекото ткиво, но и млечните канали.

5. Исхрана

Важно е да се јаде здрава храна богата со овошје и зеленчук и протеини. Она што дефинитивно треба да го избегнувате се сурово и недоволно варено месо, непастеризирана храна.

6. Игнорирање на физичките ефекти врз телото

Честопати ќе чувствувате потреба да забавите и да ни верувате, вашето тело ќе ви биде благодарно за тоа. До вториот триместар вашето тело произведува хормони кои вашето тело тешко ќе ги игнорира. Проблеми со варењето, металоиди, проширени вени, главоболки… се само дел од проблемите. Затоа, одморете се што е можно повеќе и пријавете ги сите невообичаени симптоми кај вашиот гинеколог.

7. Спиење на грб

Спиењето на стомак веќе сте го заборавиле, а време е да заборавите и на спиењето на грб. Стомакот расте, бебето станува потешко и почнува да ја притиска вената на грбот која носи крв во срцето. Единствено што ви преостанува е да спиете настрана.

8. Мисли за компликации

Ризикот од губење на детето е поголем во првиот триместар. Тоа е вознемирувачка и погрешно разбрана ситуација која, за жал, погодува многу жени. Сепак, по првиот триместар, ова се случува многу поретко. Само 20 отсто од абортусите се случуваат по првиот триместар.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top