Семејствата со три деца знаат колку динамично и забавно е нивното секојдневие, но истовремено се соочуваат и со многу предизвици…

Животот со три деца знае да биде хаотичен и стресен одвреме-навреме, но исто така е исполнет и со среќа и љубов, па за ништо на светот не би го менувале вашето петчлено семејство.
Еве некои вистински ситуации со кои можат да се поистоветат само родителите на три деца:

1. Имате повеќе деца отколку раце

Ова е посебен предизвик ако имате три деца со мала разлика во годините. Набрзо ќе научите како да ги користите колената, носот и ножните прсти како трета рака.

2. Надброени сте

Освен ако не живеете со дедо и баба, во вашиот дом има повеќе деца од возрасни, што за вас значи и секојдневни предизвици. Со текот на годините ќе почнете да размислувате зошто оваа математика не се сметала кога сте имале само две деца.

3. Вашето најстаро дете ви изгледало многу постаро отколку вашето најмладо дете во истите години

Кога вашето прво дете имало 4 години, ви изгледало како веќе големо дете. Од друга страна, вашето најмладо дете на 4 години ви изгледа како бебе. Тоа се случува бидејќи од најстарото дете несвесно очекуваме многу повеќе во која било доба или фаза отколку од најмалото.

4. Средното дете има свој посебен стил

Неизбежно е. Вашето прво дете ја има таа привилегија и гордост сѐ прво да испроба и да направи, а на вашето најмало му е најлесно, па обично многу подолго останува бебе затоа што е најмало. Затоа средните деца стануваат креативни гении со свој посебен стил, за да се изборат за своето место во семејството.

5. Преживувате повеќе стрес отколку повеќето родители

Ова е научно докажано. Една од теориите е дека имате премногу деца за да направите сѐ како што сте сакале да направите, а, сепак, не толку деца за да се чувствувате како да може да си дозволите одредени работи. Така константно сте во состојба во која се обидувате да се уверите себеси дека можете сѐ.

6. Или имате мини-комбе или сонувате да го имате

Ако некогаш возите некој друг освен вашето потесно семејство во автомобилот, ќе ви требаат повеќе од 5 места. Ако имате повеќе од едно дете во автомобилско седиште, ќе ви треба поголем автомобил.

7. Сфаќате дека воспитувањето на децата експоненцијално се зголемува со секое дете

Две деца двократно ја зголемуваат работата. Три деца – четирикратно. Истото важи и за бучавата. Постојано се прашувате како успеваат да преживеат луѓето со повеќе од три деца.

8. Сосема сте се откажале од идејата да ја преспиете цела ноќ

Идејата за спиење преку цела ноќ звучи како можна на почетокот. Бебињата плачат, но со текот на времето и тие спијат сѐ поспокојно. Но, со третото бебе сѐ паѓа во вода. Откако ќе почнат да одат во градинка, ќе почнат да имаат кошмари. Откако ќе станат школски деца, стравот им се зголемува. А некаде околу десеттата година, чувствуваат потреба за длабоки, топли разговори во ситните ноќни часови. До вашето трето дете знаете дека спиењето на родителите ги поминува сите фази со текот на годините.

9. Постојано размислувате каде исчезнале сите пари

И сѐ уште не знаете.

10. Хотелските соби стануваат голем проблем

Четири луѓе во хотелска соба се совршен број. Пет луѓе значи дека ви треба соба со кауч на развлекување, ќе мора да доплатите за дополнителен кревет или да понесете вреќа за спиење и да ги оставите децата сами да се договорат кое ќе спие на подот. Се разбира, на крајот еден од вас ќе спие на подот.

11. Секогаш некој ќе се чувствува изоставен

Со поголем број деца секоја игра за двајца станува невозможна. Ситуациите како кога сите три деца сакаат да седат до мама во ресторанот стануваат меѓународна криза. Исто така, дали некогаш сте се обиделе да го поделите колачето на три дела? Многу е тешко.

12. Ретко заедно уживате во исти серии, филмови или емисии

Ако имате три деца на една година разлика, филмските семејни вечери ќе ви станат ноќен кошмар. Вашето најмладо дете по стоти пат сака да го гледа својот омилен цртан филм, вашето најстаро дете сака да гледа „Војна на ѕвездите“, а вашето средно дете е заглавено на средина. На крајот обично гледате некој филм кој сите сте го гледале веќе илјада пати, но тој е единствениот околу кој може да се договорите. Ова важи и за друштвените игри.

13. Кога едно од децата не е тука, се чувствувате како да сте на одмор

Кога едно од децата ќе оди на спиење кај пријател, се прашувате зошто некогаш сте помислиле дека е тешко да имате деца?

14. Вашето прво дете има цел фотоалбум, вашето трето дете има фотографии на компјутерот

Фотоалбумот на вашето прво дете е прекрасно уметничко дело, пополнет докрај. Албумот на вашето второ дете е пополнет до половина, а фотографиите на вашето трето дете главно се во албумите на компјутер.

15. Времето за спиење станува комбинација од маратон, криза и смешни ситуации

Ова особено е проблем кога разликата меѓу децата е поголема. Три различни деца, три различни возрасти, три различни времиња за спиење, а сите сакаат по малку да се погалат со вас пред спиење. Во еден момент ги подготвувате децата за спиење цели два часа, прашувајќи се каков станал вашиот живот.

16. Понекогаш на сите треба да им кажете да престанат со зборување

Едноставно да престанат, да не чуете веќе ни збор. Буквално: „Ако некој отвори уста и каже еден збор во следните 15 минути, ќе добиете забрана за користење телевизија/компјутер/мобилен цела недела“.

17. Навистина разбирате колку секое дете е поинакво и посебно

Ова почнувате да го сфаќате уште со второто дете, но со третото навистина ќе научите колку секое дете е единствено, без оглед на фактот што имаат исти родители кои еднакво ги воспитуваат.

18. Со сигурност знаете дека вашата љубов се зголемува со секое дете

Можеби сте среќни со три деца, можеби не сакате повеќе деца, но знаете дека ако случајно и неочекувано дојде и четврто, ќе се случат две работи: 1. Ќе има паника – четири деца! и 2. Неизмерно ќе го сакате тоа бебе како што ги сакате и другите три.

Затоа што, без оглед што понекогаш ве доведуваат до лудило, вашите дечиња ви покажале дека мајчинската љубов навистина не познава граници!

 



912

X