Игротека

Работи што ги знаат само мајките на црвенокоси деца

Кога се раѓа бебе, секогаш има изненадувања. За нас, едно од најголемите изненадувања со нашето второ бебе беше неговата црвена коса. Уште од првите денови луѓето прашуваа: „Дали нејзината коса изгледа малку црвено?“

Како што растеше косата, стануваше сè поцрвена. Бидејќи ниту јас ниту сопругот имаме црвена коса, не бевме подготвени за сето она што следува кога имаш црвенокосо дете. Ако сте добиле и вие џек-пот и имате малечко црвенокосо дете, еве неколку совети:

1. Постојано ќе добивате коментари

Секојпат кога ќе излезете во јавност ви гарантирам дека некој ќе упати коментар за црвената коса на детето. Ако бебињата воопшто се тема за лесен разговор, тогаш црвенокосите се двојно повеќе.

2. Не можете да се шегувате со заштитата од сонце

Сите членови на семејството обожаваат шапки, очила за сонце, лосиони за тело и слично. Но, црвенокоса личност е особено чувствителна и не треба да се пропушти ниту една точка од нејзината кожа, бидејќи потоа ќе се чувствувате виновно ако детето има поцрвенета кожа.

3. Црвенокосите имаат повеќе тешкотии во врска со облеката

Мојата најстара ќерка е русокоса и повеќето бои добро ѝ стојат. Но црвенокоса, особено во комбинација со бледа кожа, го прави малку потешко наоѓањето соодветни бои на облека.

4. Има вистина и околу стереотипот за „огнениот“ темперамент кај црвенокосите

Нашата мала црвенокоса претежно е слатко девојче. Но, спротивстави ѝ се и таа на повеќе начини ќе ти покаже дека не е среќна. Исто така, сто пати е потврдоглава од сестра ѝ.

5. Ако не сте вие црвенокоси, сите ќе ве прашуваат зошто вашето дете е

Сестрата на мојот сопруг има прекрасна црвена коса со кадрици и неколку мои братучеди се исто така црвенокоси, но бидејќи јас и сопругот не сме, секој сака да знае од каде детето ја наследило црвена коса. (Сестрата од сопругот има шест деца и сите се русокоси).

6. Воодушевувањето од црвената коса на детето никогаш нема да исчезне

Речиси секој ден се воодушевувам од тоа колку е слатка косата на моето дете. Поминаа две години и тоа воодушевување не е поминато – имам малечко црвенокосо чудо.

Автор: Џенсен Бредшо

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top