Се чувствува во воздухот, нели? Паниката на мајките кога ќе сфатат дека празниците доаѓаат, без оглед дали се подготвени или не. Затоа, мора да се подготвиме. Прво, трчаме наоколу во тотален бес, обидувајќи се да направиме сè одеднаш, донесувајќи луди одлуки, додека нашите семејства нè гледаат преплашено.

1. Покријте ја секоја површина од домот со свеќа (вистинска или со батерии). Викајте му на сопругот да ги запали сите.

2. Ова ќе биде годината кога ќе исчистите и исфрлите или подарите еден куп работи. Верувајте дека ќе го направите ова иако нема да го направите.

3. Почнете разговор со членовите на поширокото семејство за тоа каде ќе го поминете секој празник и/дали вие ќе организирате нешто во вашиот дом. Потоа, подгответе се за 7.692 повици, пораки, е-писма со честитки.

4. Најдете ги новогодишните џемпери на сите членови од семејството. „Зошто никој не го носи новогодишниот џемпер?“ е прашање што постојано ќе го поставувате во наредните неколку недели.

5. Направете декорации и венци за секоја врата или празен ѕид во вашиот дом, дури и ако не сте тип што прави декорации дома.

6. Почнете со гледање божиќни филмови. Ова ќе се случува во наредните неколку дена.

7. Зошто не сте направиле пристојна семејна фотографија оваа година за да ја искористите како честитка за Нова година?

8. Создајте некоја забавна семејна традиција за да ја додадете во списокот со работи што веќе ги правите.

9. Кажете му на семејството да се облече во полукоординирана облека и викајте: „Природна насмевка, ова е среќен момент“, додека ги фотографирате.

10. Редовно пијте топло чоколадо како награда за секоја активност и задача што сте ја извршиле за време на празниците.

Извор



912

X