Во првата година од животот вашето дете добива огромна количина на информации од опкружувањето и ги зачувува. Во детството тие ја формираат основата за нивната лична слика и нивниот јазик. Затоа постојат одредени лекции што се неопходни да се научат во раните години за вашето дете да изгради основа што ќе му помогне да ги совлада покомплексните вештини во зрелоста.

1. Чистење

Редот и хигиената се неопходни за животот на секое човечко суштество. Освен од практични причини, како што е водењето здрав живот, чистењето помага менталните процеси да бидат поструктурирани и организирани. Во Јапонија чистењето на сопствената училница и на училиштето е дел од образованието.

2. Странски јазик

Едно истражување покажа дека децата што учат втор јазик побрзо се адаптираат на промени, имаат подобра меморија и генерално имаат подобро разбирање за јазикот. Истражувачите од Институтот „Ротман“ во Канада докажаа дека зборувањето два јазика му помага на мозокот да спречи Алцхајмерова болест подоцна во животот.

2. Пливање

Практикувањето каква било физичка активност ни овозможува да живееме поздрав живот. Она што го прави пливањето поразлично, освен што е вештина што би можела да му го спаси животот на вашето дете, е тоа што ќе ги зајакне и екстремитетите и ќе им помогне да развијат подобра координација. Исто така, му помага на мозокот да остане здрав подолго време.

3. Свирење на инструмент

Учењето да свири некаков инструмент ги подобрува аудитивните вештини и го одложува влошувањето на капацитетите на мозокот. Тоа е така затоа што кога свириме на инструмент, активираме неколку мозочни системи одеднаш, како аудитивните, моторните системи и перцепцијата. Кога вашето дете ќе стане возрасна личност, ќе има подобра способност да комуницира и да се изрази креативно.

4. Танцување

Танцувањето ги подобрува перформансите кај хиперактивните деца. Им овозможува да комуницираат и да ги изразат своите емоции преку телото, а со помош на музиката поттикнува креативност, социјални вештини, моторни вештини и градење на самодовербата. Исто така, танцувањето ќе го доближи вашето дете до различни култури и ќе го натера да биде поотворено и да има доверба во сопственото тело.

5. Рециклирање

Со рециклирање придонесуваме кон грижата за нашата планета и оставаме подобар свет за следните генерации, што е голема предност. Рециклирањето е добро за вашите деца бидејќи ќе знаат дека нема потреба од тони скапи ресурси за да ги реализираат своите идеи. Освен тоа, децата ќе имаат повисока свест за потрошувачката и грижата за животната средина.

6. Чувство на ориентација

Поттикнувањето на развојот на чувството за насока на вашето дете е добро за неговиот мозок и ќе му помогне подобро да се снајде каде и да е. Истражување открива дека во нашиот мозок постои џи-пи-ес што создава мрежи во нашите неврони кои го хранат нашето чувство за насока и му помагаат на мозокот да ги планира правците и да го подобри нашиот процес на донесување одлуки.

7. Готвење

Преку готвење со вашите деца ќе го подобрите нивниот однос кон храната. Ако го вклучите во приготвувањето на храната, вашето дете ќе биде повнимателно кога јаде и помала е веројатноста да јаде брза храна. Со следењето на рецептот тоа ќе ја научи важноста за следење на инструкциите и ќе ја испита секоја состојка со своите сетила.

8. Употреба на парите

Како што растеме, постепено доаѓаат финансиските одговорности. Ако не сме подготвени, можеме да направиме грешки. Важно е да ги научите вашите деца дека парите се алатка, а не награда и дека не е доволно да научат да штедат, туку треба да научат и мудро да трошат.

9. Искажување на чувствата

Никој не може да биде среќен цело време. Некои ситуации создаваат непријатни емоции во нас што не можеме да ги избегнеме. Учењето на вашето дете уште од рана возраст како да ги идентификува овие чувства, да ги прифати и да ги искаже е нешто за кое ќе ви биде секогаш благодарно. Емоционалната интелигенција ќе му овозможи на вашето дете да донесува одлуки и соодветно да реагира во сложени ситуации.

Бонус: Научете го детето да се релаксира!

Во училиштата децата учат дека треба да имаат одлични образовни перформанси, дека треба да извршуваат задачи, да стекнуваат информации и да живеат со другите луѓе. Родителите треба да ги научат за важноста на релаксирањето и опуштањето и како да најдат моменти да играат и да се ослободат од напнатоста.



912

X