Излегувањето од дома со мало дете понекогаш е многу потешко отколку што си замислува човек без деца.

Колку пати сте биле во трка со времето, нервозно обидувајќи се да подготвите сè што ви треба, а тогаш, при самото излегување се појавува дополнителен проблем – вашето дете не сака да соработува и да излезе нормално. Во тие моменти одбива да ги облече чевлите, јакната или капата, бара да оди во тоалет и уште многу работи што и најтрпеливите едноставно ги исфрла од такт и го одложува нормалното излегување надвор.

Во тие моменти родителите се обидуваат со сè – охрабрување, мито, па и закани. Ова се работите што децата најчесто ги прават кога се обидувате да излезете од дома:

1. Токму тогаш се неговите најдобри мигови за игра

Детето кое инаку поминува најголем дел од денот во прегратките на мама, наеднаш се заигрува баш пред излегување. Кога наутро мајката сака да си направи кафе, тоа најчесто мора да го направи со детето в раце. А кога сака да излезе со детето, одеднаш детето се заигрува и не сака да излезе.

2. Изгубени чорапи

Иако детето е подготвено, одеднаш му фали едно чорапче. Но тоа чорапче најчесто не е на видно место. Кога родителите ќе сфатат дека е изгубено засекогаш, земаат нов пар, што е поедноставна варијанта. Но, и тука има замка. Родителите не можат да најдат два исти чорапи. Кога конечно наоѓаат, детето не ги сака тие чорапи и инсистира да носи два различни чорапи. До тој момент родителите најчесто губат волја за живот, а камоли способност да се расправаат за изборот на чорапите. Другиот ден го наоѓаат и изгубениот чорап под каучот.

3. Oблекување

Според многубројните искуства, потребни се пет минути за родителот да го облече детето, а потоа  му се потребни три секунди на детето за да се соблече. Прво треба детето да се смири и да седне. Потоа е потребна соработка за да се облечат чевлите. Сето тоа изгледа едноставно, но во практика бара време. На крајот, откако родителот ќе се препоти, сфаќа дека детето веќе го соблекло чевелот.

4. Модни додатоци

Децата може да почувствуваат слабост исто како што кучињата може да почувствуваат страв. Детето има чорапи и чевли и родителите се надеваат дека наскоро ќе заминат од дома. Тогаш на сцена повторно стапува детето со различни чорапи, но и со чантата на мама и нејзините очила. Веќе е јасно дека нема надеж да ги остави овие модни додатоци, а секој обид да се убеди само значи повеќе доцнење.

5. Несоодветно облекување

Кога детето ќе се појави во зимско палто, шал и ракавици во најтоплиот ден од годината, излезете, без расправија. И кога инсистира да стави шапка за на плажа во зима, морате да одлучите што е поважно – соодветно облекување или излегување од дома.

6. Истурена торба

Додека родителите се зафатени со спремање, детето ја отворило и ја истурило торбата со приготвена храна.

7. Скриени клучеви

Додека родителите го чистат нередот од храната, детето ги зело клучевите и ги скрило. Кога родителите ќе откријат дека ги нема на вообичаените места, јасно им е дека детето ги ставило некаде.

8. Нагла потреба за одење во тоалет

Сè е подготвено, но детето во меѓувреме има потреба за мочкање. Иако сте на врата, се враќате назад да оди да мочка. Тамам сте стигнале до тоалетот, сфаќате дека станува збор за лажна тревога.

9. Истурена вода

Откако ќе ги најдете клучевите и откако детето ќе оди да мочка, некако успеало да стигне до чашата вода. Секако, освен една голтка што завршила в уста, останатата вода ја истурило на облеката.

10. Еден куп играчки за носење

Откако ќе бидете целосно подготвени, детето мора да оди по играчките што сака да ги носи надвор од дома. Во тој момент родителите имаат две можности. Да прифатат детето да ги земе сите играчки знаејќи дека тие ќе ги носат или можат да се обидат да разговараат со детето и да ризикуваат повторно да има долга расправија.



912

X