Непрестајно на телевизија слушаме лоши вести, па секој родител е свесен дека сепак некои работи не треба да ги дознае неговото дете. Детето мора да научи да ги почитува животот, здравјето, слободата и храната, па гледањето вести во кои се зборува за злоупотреба на деца или на работа може да ги збуни дечињата.
Како детето да стане посвесно за светот околу себе? Тоа за родителот е голем предизвик. Како детето да ги научи вистинските вредности кога сме опкружени со различни општествени стандарди? Родителот треба добро да размисли пред да подели некои настани и ситуации со детето и секогаш треба да ја следи неговата реакција.
Тешко е да се објасни зошто на другиот дел од светот се убиваат невини деца, зошто воопшто доаѓа до војни, зошто луѓето сакаат да им нанесат зло на другите. Детската наивност ќе нè потсети на вистинската чистота и искреност која со години полека бледнее.
Приказните за убиства или киднапирања не би требало да се зборуваат пред децата бидејќи би можеле да предизвикаат страв проследен со несоници и кошмари. За секоја лоша вест што ќе дојде до вашето дете, обидете се да коментирате некои убави настани што се случуваат околу вас.
Детето треба уште од мало да се учи за природата што нè опкружува, но да се избегнуваат документарни филмови за опасни животни кои би можеле да го исплашат детето. За што поубаво детство, родителот треба да се обиде да не го вовлекува во тешки теми, како што се политика, војна, глад во светот, туку да се обрне внимание на љубовта, храброста и сето она што е убаво и го има во нашето опкружување. Лошите работи самото дете ќе ги научи и ќе се соочи со нив во текот на животот.