Воспитување

Работа од дома: Ја замолил колешката да го исклучи видеото додека го доела бебето

Работењето од дома додека сте родител е една од најголемите задачи за време на пандемијата на коронавирусот бидејќи борбата е вистинска. Повеќето од колегите се вообичаено љубезни кога децата ги прекинуваат видеоконференциите на „Скајп“ или „Зум“, но еден маж на мрежата „Редит“ се пожалил за неговата колешка која доела за време конференцијата и одбила да го исклучи тонот додека го хранела бебето.

– На работа имаме утрински конференциски повици. За тоа не е потребно видео дури и ако зборуваш. Една од колешките има бебе и таа го дои додека сме на видеоповик. Очигледно бебињата треба да бидат нахранети, но таа треба да го исклучи микрофонот или видеото. Не ја видовме целата дојка, но таа не се покрива. Побарав од неа во приватна порака да го исклучи видеото додека сме вклучени во конференцијата, но таа збесна. Не барав од неа јавно, туку приватно. Ми рече дека е непримерно да се зборува без вклучено видео и дека има право да го храни своето бебе – пишува во неговата објава.

Дали овој колега згрешил?

Тој прашал дали згрешил што го побарал ова од колешката, а реакциите биле измешани.

„Не го дискутирам твојот суд, но во право си дека доењето си има време и место, а тоа е кога детето е гладно. Мајката не може да контролира кога тоа ќе биде“, напишал еден корисник.

Друг се согласил со ставот на колегата и инсистирал дека колешката требало да се извини и да го напушти разговорот доколку нејзиното дете било гладно. „Бебињата обично спијат откако ќе се најадат. Можела да се извини и да го нахрани бебето“.

„Фактот дека таа доела игра некаква улога бидејќи погрешно се толкува процесот во социјална смисла, но тој побарал љубезно и приватно“.

„Работен состанок е професионална средина и не е место за бебе, па правење што било друго освен учествување во состанокот им го оттргнува вниманието на другите што се вклучени“, пишуваат корисниците.

Доење и видеоконференции. Дали вие би ги комбинирале овие две работи?

Автор: Феј Џејмс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top