Здравје

Пушењето во бременоста доведува до глувост кај децата

Пушењето во бременоста може да му штети на развојот на фетусот на мозокот, предупредуваат научници и објаснуваат дека чадот може да ги оштети рецепторите во увото.
Децата изложени на чадот од цигарите во матката и во текот на раното детство имаат двојно поголеми шанси да го изгубат слухот, тврдат јапонските научници.
Во рамките на истражувањето биле проучени податоци од 50.374 бебиња родени помеѓу 2004 и 2010 година.
Од нив, околу 4 отсто биле изложени на чад додека биле во матката или по раѓањето, а околу 1 отсто и за време на бременоста на мајката и по раѓањето.
Тестирањето на слухот било спроведено кога децата имале три години. Било утврдено дека 4,6 отсто од нив имале оштетен слух.

Шансите за губење на слухот биле за 68 отсто поголеми ако децата биле изложени на чад од цигари за време на бременоста и за 30 отсто поголеми ако биле пасивни пушачи откако се родиле.
Во случаите кога биле изложени на чад и за време на бременоста и по раѓањето, веројатноста за губење на слухот се зголемувала за 2,4 пати во однос на останатите деца.
Претходните истражувања покажале дека возрасните пушачи се изложени на поголем ризик за губење на слухот од непушачите, но малку се знаело за тоа како изложеноста на чад за време на детството или бременоста може да влијае врз слухот на новороденчињата.
Пушењето во текот на бременоста може да му наштети на развојот на мозокот на фетусот, предупредуваат научниците и објаснуваат дека чадот може да ги оштети рецепторите за слух.
Во светот постојат околу 68 милиони луѓе што имаат оштетување на слухот што настанало уште од детството, се наведува во јапонското истражување.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top