Воспитување

Психолози советуваат на што родителите никогаш да не го принудуваат своето дете

Иако е сосема разбирливо дека родителите понекогаш треба да го принудат своето дете да направи нешто, затоа што тоа е добро за него или му е потребно од која било причина, претераното присилување на одредени работи може да предизвика повеќе штета отколку корист. Како што објаснуваат психолозите, еве на што родителите никогаш не треба да го принудуваат своето дете.

Една од ситуациите е кога детето вели дека не е гладно и одбива да го заврши оброкот. Иако разбираме дека секој родител сака неговото дете да изеде сѐ што има во чинијата, никакво присилување нема да вроди со плод. Ќе се случи токму спротивното. Психолозите тврдат дека принудувањето на детето да јаде може да доведе само до нарушувања во исхраната, без разлика дали се работи за одбивање храна или прекумерно прејадување што, пак, доведува до дебелеење.

Исто така, родителите никогаш не треба да го принудуваат детето да се извини ако не знае што згрешило. Психолозите нагласуваат дека родителите често им наредуваат на децата да се извинат за нешто, а тие не се ни свесни што всушност згрешиле. Детето може да се извини, но однесувањето нема да се подобри додека не разбере каде згрешило со својата постапка.

Друга вообичаена грешка што ја прават родителите е да го принудат детето да гушка или да бакне некоја личност, без разлика дали се работи за другиот родител, баба или дедо или некој друг возрасен. Психолозите предупредуваат дека таквото однесување може да го наведе детето да мисли оти секој возрасен може да го допре, без разлика дали тоа сака или не.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top