Вљубениците во психологијата, но и оние што сакаат да добијат психолошка помош за решавање на некој проблем, в сабота ќе можат да се дружат на кафе. Бојана Стојменовиќ, преку „Мој психолог“, организира „Психолошко рандеву“.

– Планираме заедничко кафе и да поразговараме на многу теми. Доколку има теми од психологијата што ви се интересни, доколку сакате да прашате за нешто или, пак, да го испиете попладневното кафе во супер друштво, повелете. Ќе ни се придружат неколку мои колеги и колешки психолози. Сите негуваат љубов и страст кон психологијата, работат во интересна област и, пред сè, сите се фантастични луѓе – вели Стојменовиќ.

Секој психолог, од 14 до 16 часот во „Јавна соба“, ќе биде седнат на една маса на која ќе му се придружат 4-6 лица, а ќе се придружат психијатри, логопеди и дефектолози.



912

X