Градинката е важна фаза во развојот на децата бидејќи обезбедува структурирана средина за учење, игра и другарување. Сепак, постојат одредени работи кои децата треба да почнат да ги учат пред да одат во градинка, според психологот д-р Џезмин Мекој.

– Клучниот збор овде е „почеток“. Ова не се вештини што вашите деца треба да ги совладаат до одењето во градинка, тоа се едноставно вештини на кои треба да почнете да ги учите – истакнала д-р Меккој во објавата на Инстаграм.

Ова се вештините што таа ги издвојува.

-Како да ги споделат своите чувства и потреби на начин полн со почит.
-Како да се почитува туѓиот простор и границите на другите луѓе.
-Различни вештини за соочување, вклучително и правење пауза при чувство на преоптовареност.
-Како да се истрае и покрај тешкотиите и предизвиците.
-Како да се придонесе за своето семејство и заедницата.

-Секое дете ќе ги научи овие вештини во свое време. Дури и ние возрасните сè уште работиме на некои од нив – заклучила таа.

Извор



912

X