Воспитување

Психолог открива кои лаги можат да им го олеснат животот на родителите (и на децата)

Иако родителите мислат дека лажењето на децата не е во ред, детски психолог верува дека понекогаш тоа не е лоша идеја. Додека ги учиме децата никогаш да не лажат и им нагласуваме да не го прават тоа, невините „бели лаги“, одвреме-навреме, можат да го олеснат животот.

„Лажењето не е знак за лошо родителство. Ние кажуваме бели лаги во просек 34 пати на ден“, изјавила Алисон Меклимонт, која работи како детски психолог.

Според Меклимонт, можеме да користиме бели лаги за да направиме нашето дете да се чувствува важно. Затоа, таа предлага да кажеме дека секое уметничко дело што децата го создаваат е неверојатно.

„Нема секој цртеж да заврши закачен на фрижидерот, но важно е децата да чувствуваат дека создале ремек-дело. Уметноста е позитивен, вреден потфат и секогаш треба да се слави. Развивањето на креативноста поттикнува самодоверба, имагинација и изразување“, објаснила таа.

Друга лага што ја препорачува е за родителите чии деца не сакаат да спијат.

„Олеснете си на себе и кажете дека и вие ќе одите в кревет. Вашето дете можеби ќе одлучи и тоа да оди в кревет наместо да се грижи дека ќе пропушти нешто ако сите други се будни“, објаснува психологот.

За да ги поттикнат помладите деца да се оддалечат од екраните, според Меклимонт, родителите можат да им кажат на децата дека играњето игри или гледањето телевизија по 20 часот е забрането.

Извор

Поврзани написи

To top