Воспитување

Психолог: Никогаш не барајте ги овие две работи од партнерот

Во здрава врска, важно е да ја почитувате индивидуалноста на вашиот партнер и да ја градите врската на меѓусебно разбирање и прифаќање. Додека компромисите се дел од секоја врска, постојат одредени барања кои можат да создадат тензија, да ја нарушат довербата и да ја ослабат врската на долг рок. Психологот и терапевт Џефри Бернштајн предупредува за две вообичаени грешки што ги прават паровите кога бараат нешто еден од друг – и кои можат сериозно да ја загрозат врската.

-Како терапевт за парови, често гледам дека основата на секоја врска е љубовта и заемната грижа. Но, без оглед на блискоста, постојат одредени работи што никогаш не треба да ги барате од партнерот – освен ако не сакате да создадете незадоволство, напнатост или долгорочно оштетување на врската. Ова се најголемите грешки што ги прават паровите кога поставуваат барања – изјавил тој.

Според Бернштајн, овие две барања можат да ја уништат врската.

Не барајте од партнерот да биде некој што не е

Поттикнувањето на растот на вашиот партнер е позитивно, но барањето од него да ја промени својата основна природа може да биде штетно.

-На пример, ако некој е интроверт кој ужива во мирни викенди дома, додека неговиот партнер е екстроверт кој сака да се забавува, постојаното инсистирање на промена може да создаде чувство на неприфатливост. Кога се обидувате да ја промените природата на вашиот партнер, тој може да се чувствува несакан – објаснил терапевтот.

Наместо тоа, подобро е да најдете компромис – наместо притисок, изразувањето желби да биде на начин што покажува ценење, па тоа може да помогне во зајакнувањето на врската.

Не барајте од партнерот да избира помеѓу вас и некој што го сака

Ултиматумите, како што е барањето партнерот да престане да контактира со пријател или член на семејството, може сериозно да ја наруши довербата во врската.

-Присилувањето на партнерот да избира помеѓу вас и друга важна личност во неговиот живот може да создаде долготрајно незадоволство – истакнува психологот.

Дури и ако се согласи, може да почувствува лутина или жалење, што може да ја наруши врската. Наместо тоа, покорисно е искрено и смирено да разговарате за вашите чувства и да се обидете заедно да најдете решение.

-Љубовта најдобро напредува во средина на прифаќање, почит и здрава комуникација. Наместо да го принудувате партнерот да се менува или да донесува болни одлуки, фокусирајте се на разбирање, компромиси и отворен дијалог – ова се темелите на трајна и среќна врска – заклучил Бернштајн.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top