Тргнувањето во градинка може да биде застрашувачки процес. Некои од вас веќе успеале да се снајдат на ова емотивно минско поле, но голема е веројатноста дека други треба допрва да се одлучат за тоа во која градинка ќе оди нивното дете.

Градинките нудат неверојатни искуства за малите деца, но често приспособувањето знае да потрае неколку недели, за децата да се навикнат на новото нормално и да почнат да напредуваат. Еве 6 знаци дека вашето дете напредува во градинка:

1. Поврзано е со воспитувачот – Колку побрзо вашето дете ќе се поврзе со својот воспитувач и стекне доверба во него како личност, толку побрзо ќе се вклопи во својата нова рутина и ќе почне да го користи максимумот од неверојатните искуства за учење и игра што се нудат.

2. Со задоволство оди во градинка – Во текот на првите неколку недели нормално е малите деца да се вознемирени или да плачат, но со текот на времето тоа треба да почне да се менува. Како што на вашето дете ќе му станува поудобно таму, ќе забележите дека е посреќно, пољубопитно и повозбудено за претстојниот ден.

3. Секое уназадено однесување исчезнува – Вообичаено е малите деца да се вратат неколку чекори назад во текот на нивниот почетен период на приспособување. Можеби тие повторно ќе почнат да се будат во текот на ноќта или се чини дека нивниот напредок со одвикнувањето од пелени стагнира. Како што вашето дете ќе се приспособи, овие регресивни однесувања ќе почнат да исчезнуваат – добар знак дека вашето малечко се чувствува поудобно и посамоуверено.

4. Вашето дете со задоволство зборува за градинката – Во градинка знае да биде многу забавно. Штом децата ќе се чувствуваат удобно за ова да биде нивниот нов фокус, ќе почнете да слушате повеќе за луѓето и активностите што ги исполнуваат неговите денови.

5. И воспитувачот ќе забележи дека детето напредува – Воспитувачите се меѓу најгрижливите, најпосветените професионалци на планетата. Тие се сведоци на безброј деца кои минуваат низ истиот процес на приспособување.

6. Времето за дома доаѓа премногу брзо! Кога вашето дете е пофокусирано на своите нови другари, на воспитувачот или на играта, наместо да ве бара, може да почне да изгледа помалку возбудено кога ќе ве види кога ќе дојдете да го земете. Не сфаќајте го ова лично – вие сè уште сте му омилени – но тоа е одличен знак дека вашето дете напредува и е среќно таму каде што е.

Автор: Д-р Кејлин Хендерсон
Извор



912

X