Здравје

Што значи АПГАР-тестот кој се прави веднаш по раѓањето?

Прегледите на бебињата се извршуваат уште во родилиштето, во првите часови по раѓањето. Лекарот првпат ќе го прегледа вашето бебе при раѓањето. Целта на тој преглед е да се утврди виталноста на бебето, која се оценува со АПГАР-скор за да се уочат евентуални проблеми и аномалии со кои е родено.

АПГАР-скорот е универзален начин да се провери состојбата на детето на крајот од првата и петтата минута по раѓањето. Со оцени 0, 1 и 2 се оценуваат пет карактеристики на виталноста:
Аспект – боја на кожа;
Пулс – број на срцеви отчукувања во минута;
Гримаси – реакција на катетерот: кашла, кива, се брани;
Активност – тонус на мускулите, активни движења;
Респирација – дишење.

 

Ако збирот на оцените е 7 и повеќе, тоа значи дека бебето е во добра состојба. На бебињата со пониски оцени ќе им треба дополнителна нега, а понекогаш и лекување во одделението за специјална или интензивна нега. Повеќето бебиња по завршувањето на лекувањето ќе бидат добри.

 

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top