Учете ги децата на различни работи уште од мали и разговарајте со нив

Првите пет години од животот на детето се клучни за неговиот развој, па родителите би требало  да го насочат вниманието на комуникацијата со децата, истакнуваат британски експерти.

Тие тврдат дека таа фаза до петгодишна возраст е како основа и темел кој ќе ги зајакне нивното здравје, благосостојба, како и насоката на развојот и она што ќе се случува во иднина. Како  можат да помогнат родителите за да се развие овој темел?

Експертите од Универзитетот во Јорк објавиле студија во која ја покажале важноста на зборовите што ги слуша детето. Во истражувањето учествувале 107 дечиња. Било побарано секое дете да раскаже што му се случило во последните три дена.

Според резултатите од студијата, честата комуникација со детето ќе ги зајакне и развие невербалните способности, особено при разбирање на броевите, расудувањето и обликувањето на свеста. На крајот, студијата покажала многу важна врска помеѓу когнитивните способности и квалитетот на комуникацијата на возрасните со децата, што е засновано и на разновидноста на лексиката и на бројот на употребени зборови.

„Постои релација помеѓу бројот на зборови што детето ги слуша додека е бебе со неговиот вербален коефициент на интелигенција“, истакнале експертите.

Доколку родителите сакаат да помогнат детето да биде попаметно, многу е важно со него да разговараат во текот на првите пет години. Комуникацијата треба да биде едноставна.

Така, можете да ги подобрите интелектуалните способности на детето, а во тоа многу ќе помогне и читањето книги. На тој начин детето ќе ги научи основите на литературата – дека постојат зборови, букви, страници, како и фактот дека се чита од лево на десно. Така со детето ќе создадете здрава, едукативна и подлабока поврзаност.



912

X