Водени од идеалот да го дадеме нашиот личен придонес кон подобрување на здравјето на луѓето, во услови на глобални здравствени предизвици предизвикани од ковид-пандемијата, одлучивме да ја основаме ВИТАНА.

Производите на ВИТАНА се внимателно одбрани, висококвалитетни, произведени од реномирани одгледувачи од локалната заедница и целиот свет. Нашата цел е да понудиме природна, органска и нутритивна храна наменета за сите оние што сакаат да инвестираат во зачувувањето на своето најголемо богатство – здравјето.

Со задоволство сакаме да Ви го најавиме и отворањето на ПРВИОТ ПРОДАЖЕН САЛОН НА ВИТАНА кој ќе биде лоциран во наскоро новоотворениот трговски центар ИСТ ГЕЈТ. Нашата цел е да понудиме слатко мало катче, кое ќе биде ваше омилено место каде што ќе може да ги најдете сите ваши потребни органски, вегански, без глутен и целосно здрави производи.

Активно работиме на проширување на нашето портфолио и на наше огромно задоволство бројот на здрави, органски и нутритивни производи во нашата палета секојдневно расте, а со тоа и бројот на задоволни консумери и купувачи неизбежно се зголемува постојано.
• Нашето портфолио располага со најразлични производи почнувајќи од БЕЛ ОРИЗ, САН АНДРЕА и ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ, ПРЕМИУМ И ИТАЛИЈАНСКИ кои претставуваат одличен извор на здрави јаглехидрати. Тука можеме да ги вброиме и ОРГАНСКИОТ АЗУКИ ГРАВ и ОРГАНСКАТА ЦРВЕНА ЛЕЌА, кои исто така може да ги искористите во најразлични рецепти.
• Неизбежно е тука да се напоменат и ОРГАНСКИТЕ ОВЕСНИ И КИНОА СНЕГУЛКИ, кои ќе бидат дел од Вашиот омилен појадок.
• Како додаток во вашите најразлични рецепти, закуски и ужини можете да ги искористите ОРГАНСКОТО ЛЕНЕНО СЕМЕ, ОРГАНСКИОТ ЛУПЕН СОНЧОГЛЕД И СЕМКИ ОД ТИКВА и секако омилениот ОРГАНСКИ СУСАМ И ОРГАНСКО ЧИА СЕМЕ. Во секое време во вашите закуски можете да ги вметнете и СУШЕНАТА БРУСНИЦА, АРОНИЈА, СУВО ГРОЗЈЕ, КАЈСИЈА и најслаткиот ПЕЧЕН ЧИПС ОД КОКОС.

• Наш предлог е вашето утринско кафе да го замените со мача лате од нашиот ОРГАНСКИ МАЧА ПРАШОК, кој освен што е превкусен, изобилува со безброј здрави бенефити. И тука не може, а да не се спомене магичното својство на ОРГАНСКИОТ АШВАГАНДА ПРАШОК, кој е природен додаток на исхраната што ја олеснува анксиозноста и дополнително ја зголемува енергијата.
• Додека готвите најразлични рецепти, слободно може да ги зачините со здравите и ОРГАНСКИ КУРКУМА ПРАШОК и РОЗОВА СИТНА ЈОДИРАНА ХИМАЛЈАСКА СОЛ, ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД ЛЕН, ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД СЕМКИ ОД ТИКВА, ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД СУСАМ и кралот на ладно цедените масла, ЛАДНОТО ЦЕДЕНО МАСЛО ОД ЦРНО СЕМЕ.

• Доколку сте веган или ви е здосадено од комерцијални животински протеини, а сепак сакате да ја консумирате препорачаната доза на протеин во денот тука се ОРГАНСКИТЕ ПРОТЕИНИ ОД ГРАШОК И ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ, а помеѓу корисното и вкусното создадовме ОРГАНСКИ ПРОТЕИНСКИ ШЕЈК ОД КАКО И ВАНИЛА.
• Мотивирани од најновите нутритивни трендови, чест и задоволство ни е да ви ги преставиме нашите најнови производи ОРГАНСКИ ПУТЕР ОД 100 % ЛЕШНИК и ОРГАНСКИ ПУТЕР ОД ЛЕШНИК И МЕД.

• Сепак, мора да се пофалиме и со нашето органско и домашно производство на МЕД од најчистите предели во селото Модрич.

Како сертифицирана компанија за органска храна на МК и ЕУ-пазарот, станавме дел од глобална мрежа на компании кои ги нудат своите производи под брендот органско.
Постојано се консултираме со експерти во областа на исхраната и се едуцираме со цел на потрошувачите да им ги пренесеме најновите трендови, информации и совети во делот на здравата храна. Истите се достапни на нашата е-продавница www.vitana.mk, и официјалните „Фејсбук“ и „Инстаграм“ профили на компанијата.

Да изгледате и да се чувствувате прекрасно не е привилегија, туку избор!
Изберете здрава храна, изберете ВИТАНА.

(Комерцијална објава)



912

X