На некои жени само им пречи непријатниот мирис, а на некои веднаш им се слошува и имаат нагон за повраќање

Дали знаете што има на менито пред да влезете во ресторан? Дали мирисот на сендвичите, кои ви беа омилена храна пред бременоста, сега прави да ви се превртува стомакот? Не можете да го поднесете кафето без кое не можевте да го започнете денот? Чувствителноста на мириси во првиот триместар од бременоста е еден од првите симптоми со кои, според истражувањата, се соочуваат дури две третини од трудниците.

Иако многу трудници забележуваат промени во сетилото за мирис во текот на првиот триместар, бројот на мириси на кои се чувствителни, како и интензитетот на гадење, варира од трудница до трудница. Кај некои жени оваа чувствителност на мириси е всушност причина за утринска мачнина, додека кај други желудникот не реагира со исфрлање на неговата содржина.

Хормоните на кои жената е изложена за време на бременоста се главната причина за зголемена чувствителност на мириси. Естрогенот е главниот виновник што не можете да ја намалите чувствителноста на сетилото за мирис.

  1. Секое јадење што се подготвува со кромид и лук. Мирисот на кромид е доста интензивен дури и ако не сте бремени, а во првите месеци од бременоста може да биде неподнослив. И не само додека се пржи во тенџере, туку се чувствува и неговото испарување од кожата на вашиот соговорник.
  2. Мелено месо кое се пржи во тава.
  3. Риба, особено конзервирана риба. Ако некој ви спомне сендвич со туна, толку ви се гади што ве боли главата.
  4. Јајца, особено варени.
  5. Храна за вашето домашно милениче.
  6. Мирис на алкохол или пиво, но интересно е што ретко кои трудници се жалат дека мирисот на ракија им пречи.
  7. Мирисот на кафе. Иако претходно сте обожавале кафе, од овој црн пијалак едноставно ви се гади.
  8. Туѓи мириси! Здивот на другите луѓе, но и сите телесни мириси.
  9. Паста за заби, интензивни парфеми, детергенти и гелови за туширање.
  10. Мирисот на запалена цигара и валкан пепелник со догорчиња е уште потрауматично искуство.

Извор



912

X