Австралијката Кирсти Брајант ја изгубила матката при итна хистеректомија поради обилно крвавење по компликации за време на раѓањето на нејзиното прво дете.

Ова се случувало во 2021 година. Кирсти била потиштена бидејќи отсекогаш сонувала да има повеќе деца. Но, на почетокот на годината се случило нешто неверојатно – нејзината мајка одлучила да ја донира својата матка за таа да може да има уште деца.

– Ќе носам дете во истата утроба во која се развив. Откако дознав за трансплантација на матката, не можев да ја исфрлам идејата од главата. Сфатив дека тоа е единствената опција ако сакам да имам уште едно дете. Подарокот што ми го даде мајка ми е неверојатен, таа всушност е причината поради која сакав да бидам мајка – вели Кирсти, која е првата жена во Австралија на која ѝ била трансплантирана матка.

Целата процедура во Кралската болница за жени ја водела гинекологот и специјалист за плодност Ребека Динс, која објаснува дека оваа форма на трансплантанција на органи се разликува од другите.

– Станува збор за процедура поинаква од сите други форми на трансплантација на органи бидејќи всушност се работи за привремена трансплантација, која обично трае околу пет години, што е доволно за да им се овозможи на жените да имаат дете. Органот се става привремено поради имуносупресивните лекови кои пациентот мора да ги зема – открива докторката и додава дека оваа процедура е прва од 12. што планира да ги направи со својот тим во следните неколку месеци.

Извор



912

X