Барањето на 7-годишната Кемрин Гарден до брендот за облека „Олд нејви“ да направи фармерки за девојчиња со вистински предни џебови беше исполнето, откако таа напишала и испратила писмо до канцеларијата на брендот.

Камрин е прваче во основното училиште „Ивнинг стар“ во Арканзас, а писмото го испратила кон средината на јануари.

Почитувани „Олд нејви“,

Не ми се допаѓа тоа што предните џебови на фармерките на девојките се лажни. Сакам предни џебови затоа што сакам да си ги ставам рацете во нив. Исто така, би сакала да ставам предмети во нив. Дали би зеле предвид да направите фармерки за девојчиња со предни џебови кои не би биле лажни. Ви благодарам што го прочитавте моето барање.

Камрин го напишала писмото откако учествувала во една работилница за пишување, каде што нејзиниот клас испраќал писма до директорката Ешли Вилијамс. Оваа година таа и нејзините соученици побарале нова опрема за игралиштето.

Кимберли Гарднер, мајката на Камрин, која е и наставничка во прво одделение во истото училиште, вели дека Камрин ја добила идејата откако видела дека нејзиниот брат има џебови во фармерките.

– Беше фрустрирана што нејзините фармерки немаат џебови, па затоа ја охрабрив: „Што треба да направиме?“ Таа е страсна за животот и сака да го користи својот глас – раскажува нејзината мајка.

Таа ѝ помогнала да го испрати писмото, а од „Олд нејви“ неодамна одговорија на нејзиното писмо, пишувајќи дека ја ценат нејзината повратна информација како што развиваат нови производи. Со писмото од „Олд нејви“ компанијата вклучила и подарок за Камрин – четири пара фармерки што имаат џебови.

Наставничката на Камрин, Ели Џејни, ја опишува како незапирлива.

– Возбудливо е да се види како светот ја запознава, се вљубува во неа и се инспирира од нејзината страст – вели Ели.

Извор



912

X