Една фотографија за враќањето на училиште која ја направила една мајка не изгледа како ниту една претходна фотографија за моментите кога децата тргнуваат на училиште. Но, оваа сега сигурно им изгледа познато на родителите за периодов низ кој поминува цел свет.

Нема слатки знаци, симболи или фризури за прв ден на училиште. Нема интересни ранци или поза за фотографирање. Децата на Џули Буртон – Ема Буртон (полуматурант) и Кејт Буртон (6. одделение) – биле во кревет кога нивната мајка ја направила фотографијата.

„Сите се поврзуваат со оваа фотографија, без разлика дали децата одат со физичко присуство на училиште или ги следат часовите виртуелно, бидејќи покажува како сите се чувствуваа во март кога животот се пренесе во виртуелниот свет“, истакнала мајката. Таа додава дека многу луѓе ја копираат истата фотографија со своите деца. „Драго ми е што другите имаат чувство дека нивните деца навистина навлегле во делот со спиењето“ вели таа.

фото извор: Џули Буртон

Првиот ден на девојчињата поминал добро како што било и очекувано, иако од дома, рекла Буртон. Сепак, бидејќи и двете се во нови училишта, за нив тоа било нов предизвик и ќе им биде потребно време да се навикнат. „На моите деца им недостига социјалниот аспект и да видат некаква форма на заедница“, додава мајката.

Автор: Џеневив Шо Браун

Извор



912

X