Група жители од населбата Визбегово попладнево излегоа на протест со кој бараат дислокација на малиот групен дом во нивното соседство каде од неодамна беа сместени три деца од Заводот за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Миловановиќ“. Тие протестираа во знак на револт зашто во нивна близина се сместуваат деца со воспитно-социјални проблеми.

Од Министерството за труд и социјална политика повикаа на надминување на предрасудите и потврдија дека до нив е стигната петиција од жителите на кои им било одговорено во најбрз можен рок. Додаваат и дека неколку недели пред да се преселат децата во куќата во Визбегово биле известени сите блиски соседи коишто се најдени во своите домови.

Фото: принтскрин/Фејсбук

-Сакам да го споделам моето разочарување но и разочарувањето на сите вработени и стручни соработници во малиот групен дом, бидејќи денес создадовме јасна слика за нетрпението и нетолеранцијата на дел од граѓаните кои покажаа недоволна зрелост да ги прифатат, да покажат социјална грижа и емпатија за децата кои имале помалку среќа во животот од останатите. Ние се грижиме за секое дете во државата. Не сакавме малолетните деца да ја слушнат омразата и гневот насочен кон нив, затоа во овој момент додека трае протестот тие се однесени на место каде што се прифатени од околината. За жал децата се свесни за ова што се случува тука и веќе патат – истакна директорката на трансформираните установи „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“, Виолета Масевска Палиќ.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права, во реакција до јавноста, порачаа дека никој нема право да ги дискриминира децата и најранливите.



912

X