На Саемот на книгата денеска беше промовирана книгата „За можење можам, но дали смеам“ од Ивица Маринковиќ, познат како Ивце Пивце, во издание на „Просветно дело“.

Книгата содржи десетина раскази за деца и исто толку илустрации од познатиот македонски јутјубер и илустратор Никола Димов, а поговорот за книгата го напиша Киро Донев.

– Од моето долгогодишно дружење со децата сфатив дека ние, возрасните, честопати се плашиме од нив. Така плашејќи се да не направат некоја беља, не им дозволуваме многу работи. Им забрануваме. Мислам дека тука грешиме. Треба повеќе да им веруваме. Да им дозволиме да се претстават во своето најубаво светло. Во книгата има десетина раскази од кои може да научиме неколку убави работи за и од децата – порачува Ивце Пивце.



912

X