Воспитување

Промоција на роденденска песна и сказна на штандот на Биби

Има ли поубав начин да се прослави нечиј роденден отколку со песна? И тоа роденденска! Композиторот Ангел Ќосев и актерката Слаѓана Вујошевиќ ја создадоа песната специјално за нашата детска публика и ја снимија во студиото „Подрум“ во Скопје. Песничката ќе ја промовираме утре од 17:30 часот на нашиот штанд на Саемот на книгата.

Половина час подоцна ќе следува претпремиерата на сказната „Најнеобичен ден – на Биби роденден!“

Автор на сказната е Билјана Црвенковска, а арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. Режисер на сказната е Гоце Цветановски.

Во 18:30 часот ќе ги доделиме наградите од конкурсот „Роденден на Биби“. Добивме прекрасни цртежи на тема роденденот на Биби кои го красат нашиот штанд на Саемот на книгата.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top