Утринската мачнина, болките во грбот и отечените зглобови го окупираат целото ваше внимание. Но, погледнете ја вашата бременост од позитивната страна бидејќи можете да уживате во тие „позитивни“ симптоми.

Густа, сјајна коса

Хормоните можат да ја направат вашата коса погуста и посјајна, а некои трудници се сигурни дека нивната коса растела побрзо од вообичаено во текот на тие 9 месеци.

Цврсти нокти

Повисокиот крвен притисок и различното ниво на хормони можат да го забрзаат растот на ноктите, а за такво нешто отсекогаш сте сонувале. Пренаталните витамини исто така можат да помогнат за побрз раст.

Поголеми гради

Дури и пред да направите тест за бременост, вашите гради веројатно почнале да се менуваат (и болат!) како подготовка за хранење на вашето бебе. Како што млечните канали се шират и се полнат со млеко, вашите гради ќе станат можеби два броја поголеми. Истакнете го вашето деколте!

Сјајна кожа

Кај некои трудници зголемениот волумен на протокот на крв (за речиси 50 проценти) додава розова боја на нивните образи. Покрај тоа, лојните жлезди, кои се одговорни за навлажнување на кожата, почнуваат да работат прекувремено, давајќи ви го тој труднички сјај.

Нема менструација!

Се разбира, неколку месеци без влошки и тампони.

Подобар секс

Бременоста прави некои идни мајки да бидат почувствителни кога станува збор за сексуалните стимули. Тие дури и полесно доживуваат оргазам отколку кога не се бремени.

Бебешки удари

Секојпат кога вашето бебе се движи, вашето тело реагира со зголемување на пулсот, што помага вие и вашето бебе да се поврзете. И не само тоа, тоа е прекрасно и незаборавно чувство.

Извор



912

X