Секоја година Меѓународното здружение на професионални фотографи за породување (International Association of Professional Birth Photographers – IAPBP) организира светски избор на најдобри фотографии од породување. Здружението брои повеќе од 1.200 членови од 42 земји, а како и секојпат – и годинашните фотографии се важен потсетник на чудото кое го претставува самиот чин на породување и неверојатната сила на сите жени. Жирито ги поделило наградените фотографии во 6 категории: Најдобра фотографија во сите категории, Детали од породување, Породување, Првите 48 часа, Породилни болки, По 48 часа.

Погледнете ги победничките фотографии за 2021 година во сите категории, како и неколку фотографии што добиле посебно признание од жирито. Вкупен победник и победник според изборот на членовите на здружението од категоријата „По породувањето“ е „Девојчињата на тато“ – Ешли Мартсон фотографии од Канада.

Најдобра фотографија според жирито во категоријата „Породување“ и вкупен победник според изборот на членови на здружението е „Најголемата љубов во светот“ – Ен Луси Силва Барбоса/ Ен Луси фотографија од Бразил.

Најдобра фотографија според изборот на жирито во категоријата „Детали од породувањето“ е „Изворот на животот“, Шарлен Фоерстер фотографии од Германија.


Најдобра фотографија според изборот на жирито и победник според изборот на членови на здружението во категоријата „Породилни болки“ е „Посегни долу. Тој е речиси тука.“ – Дејна Џејкобс, фотографии и филмови од САД.

Најдобра фотографија според изборот на жирито во категоријата „Првите 48 часа“ е „Негување“, на Џами Едгар/„Тач оф Харт“ фотографии, САД.

Најдобра фотографија според изборот на жирито во категоријата „По породувањето“ е „Моето тело, моето раѓање“, Хана Хил фотографии од САД.

Победници според изборот на членови на здружението – првото место во категоријата „Породување“ го освоила фотографијата „Милост“ на Дени Мерц од Германија.

Најдобра фотографија според членовите на здружението во категоријата „48 часа“, е „Негување на новороденче“ – Кери Липерт од „Кери Лорен фотографии и филм“, САД.

Најдобра фотографија според членовите на здружението во категоријата „Болки“ е „Примарни облици на раѓањето“, Лора Бринк, од „Ревајлд Хр“, Австралија.

Посебна награда од жирито добиле уште 17 фотографии кои можете да ги погледнете на официјалната веб-страница „Birthphotographers 2021 Birth Photography Image Competition“.

Автор: Карина Шиздрак

Извор



912

X