Професорката по англиски јазик Хито Бото, која живее во Јапонија, открива дека училиштата во оваа земја имаат поинаков пристап кон образованието во споредба со училишта во западните земји.
Таа ги споделува правилата што учениците во Јапонија мора да ги следат.

Како што тврди таа, во јапонските училишта е задолжително учениците да ги соблечат чевлите веднаш по влегувањето во училиштето.

– Сите мораме да ги соблечеме чевлите и да облечеме влечки наменети за затворен простор – вели таа и посочува дека чистотата е приоритет за Јапонците, а учениците се задолжени да го одржуваат училиштето чисто и уредно. Учениците се одговорни за сервирање ручек и чистење на сопствените послужавници, што ја поттикнува нивната независност и самодоволност.

Во училишните ходници нема греење, па наставничката тврди дека често мора да седи со палто, додека учениците во училиштето мораат да почитуваат посебен кодекс на облекување, а забрането е фарбање на косата, носење пирсинг и шминка.

Извор



912

X