„Се надевам дека не ме снимија, но плачев на ова… има надеж за нашите деца“, напишала една жена на Фејсбук, а друга додала: „Браво! И за професорот и за децата!“

Томислав Цвртила, професор во музичко училиште во Вараждин, Хрватска, со детски хор ја изведе „Боемска рапсодија“ на групата „Квин“. Но, тоа не би било необично ако притоа не се преправеше во Фреди Меркјури.

Снимката од неговиот настап стана хит на друштвените мрежи.



912

X