Иако секој родител се труди да го воспитува своето дете на најдобар можен начин, откако ќе станат тинејџери, работите стануваат потешки. Дури и кога се обидуваме да направиме сѐ како што треба, често ги нервираме со своето однесување.

Така барем тврди овој наставник од седмо одделение, кој во видео на „Тик-ток“ открил што најмногу ги нервира неговите ученици кога се во прашање нивните родители.

Тој побарал од учениците да откријат што најмногу ги нервира кај нивните родители, а одговорите што тие анонимно ги залепиле на неговото биро ги споделил во видео.

„Мајка ми става знаци на позитивност низ целиот дом како: живеј, смеј се, љуби“, признал еден длабоко засрамен ученик од основно училиште.

@7thgradechronicles What parents do that make middle schoolers cringe. #middleschool #teachersoftiktok #teacherlife #teacher #teachertok #7thgrade ♬ Gettin' Jiggy Wit It – Will Smith

„Мајка ми снима видеа како танцува и потоа ги објавува на Тик-ток“, напишал некој друг.

„Мајка ми користи Фејсбук“, „Мојата мајка прави селфи во огледало“ и „Мајка ми ја слуша Кејти Пери“, се исто така меѓу очигледно неприфатливите однесувања за родителите, при што едно дете вели дека родителите постојано ги тераат него и неговите браќа да нарачуваат храна од детското мени иако веќе имаат 13 години.

Урнебесните одговори станаа вистински хит на „Тик-ток“, а родителите се пронашле во коментарите.

„Барем сега знам што не можам повеќе. Или сосема спротивно, хаха“, напишала една мајка.

Извор



912

X