За време на продолжениот викенд и празниците Свети Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, од 11 часот до вторник, 26 мај, до 5 часот, објави премиерот Оливер Спасовски.

-Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот – напиша Спасовски на својот официјален профил на „Фејсбук“.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 5 часот наутро.



912

X