„Еден убав сончев ден Биби и Боби си играа криенка во шумата. Боби мижеше, Биби се криеше. Потоа Биби мижеше, а Боби се криеше“… – и што се случи?

Тоа можете да им го прочитате на вашите деца или тие што знаат веќе да читаат самите да го сторат тоа во нашето ново издание „Скриената долина“. Таа веќе може да се најде во Едукативниот центар „Бибиверзум“ (кат 1, веднаш до „Џино“) или и на интернет-страницата на „Светот на Биби“.
Биби и Боби добија нов другар, еднорогот Алфеј. Но, тој е тажен и му треба помош, а во тоа ќе му помогнат нашите јунаци.

Освен сказната, која ја напиша Билјана Црвенковска, во книгата се вклучени и активности со боење, цртање, дополнување. За илустрациите се погрижија Маја Џеповска и Магдалена Тофиловска.

Сказната „Скриената долина“ можете да ја гледате и на јутјуб-каналот Биби/Bibi.



912

X