На некои жени совршено им прилега бременоста. Симпатичен, тркалезен стомак, елегантна облека за бремени жени, а одназад никогаш не би помислиле дека е бремена.

Од друга страна, постојат и жени што се борат со голем стомак што ги ограничува во извршувањето на секојдневните активности. Една од таквите мајки е блогерката Рита Темплетон.

– Не знам дали е тоа поради генетика или бавен метаболизам, или само луда среќа, но секоја бременост сум голема колку јахта – напиша оваа мајка, истакнувајќи неколку работи што ги разбираат само бремените жени со големи стомаци.

1. Луѓето зјапаат во вас

Кога вашиот стомак изгледа како да имате ученик во основно училиште, луѓето ќе зјапаат. Додека некои се обидуваат да го направат тоа суптилно, други не го кријат својот шокиран израз на лицето. Покрај тоа, понекогаш тие укажуваат во насока на бремената жена и се туркаат со лактите.

– Сакате да знаете како се чувствуваме? Обидете се да прошетате низ продавници во гумено боди и со перика од кловн на главата – порачува Рита.

2. Несоодветни коментари

– Дали си сигурна дека внатре има само едно бебе? Дали веќе го надмина терминот? Ау, изгледа болно – се само некои од несоодветните коментари што луѓето не се двоумат да им ги кажат на бремените жени со голем стомак.

Секако, постојат и такви што се уште понепристојни, па бремените жени ги „честат“ со коментари како: – Огромна си.

– Со ваквите коментари, секако, доаѓаат и нагодувањата за тоа колкаво ќе биде детето – истакнува оваа мајка.

3. Проблеми со облеката

Трудничката облека може да биде прилично модерна, но само ако сте просечна бремена жена која изгледа како да излегла од насловната страница на модното списание. Во многу други ситуации облеката на бремените жени изгледа како да ставиле шатор на себе.

4. Минијатурни соблекувални

Како купувањето облека да не е доволно стресно искуство, тука се и кабините за пресоблекување кои во повеќето продавници се минијатурни. Освен што на бремените жени им е тешко да се движат, ни огледалата што ги опкружуваат не се мотивирачки.

5. Незгодни ситуации

– Во текот на бременоста вашето тело се менува драматично за релативно кратко време – особено кога станувате прилично големи. Значи, лесно може да ја потцените вашата големина кога, да речеме, се обидувате да излезете од автомобил од тесно паркинг-место – пишува оваа мајка.

6. Без грациозност

– Одиш како патка со хемороиди, но не можеш да си помогнеш. Уште ако си бремена во текот на зимските месеци и кога мразот и снегот ти ја отежнуваат работата – пишува Темплетон.

7. Проблеми со килограмите

Големиот стомак обично значи значително зголемување на тежината. Она што воопшто не е забавно на секој преглед е кога го гледате вашиот лекар како го набљудува вашиот картон со неодобрување, а обидот да ги изгубите килограмите по бременоста е очаен.

8. Животот е маратон

– Во последните недели од бременоста дури и жените со мал стомак доаѓаат до момент кога се чувствуваат огромни. Но, за оние од нас што се огромни, тоа чувство се појавува многу порано – истакнува мајката, додавајќи дека и врзувањето чевли, и депилирањето, и лакирањето нокти стануваат проблем, како вистински маратон.

Aвтор: Рита Темплетон
Извор



912

X