Пробиотиците се мултимилионска индустрија со маркетинг што тврди дека се ефикасен третман за многу заболувања, вклучувајќи ја и дијарејата. Сепак, наодите од ново истражување од Универзитетот во Калгари покажуваат дека овој популарен производ нема влијание врз гастроентеритистот кај децата.

– Ги проучувавме ефектите по давање пробиотици на стотици деца чии родители ги однеле во ургентните центри низ цела земја, а кои страдале од повраќање и дијареја – вели д-р Стивен Фрејман, доктор по итна детска медицина при „Алберта хелт сервисис“.

– Не пронајдовме докази дека пробиотиците имале некаков ефект врз намалувањето на симптомите или во помагањето во заздравувањето – додава тој.

Фридман предводел канадско истражување во кое биле вклучени 900 деца. Исто така, тој бил еден од главните истражувачи во истражување спроведено во САД, предводено од д-р Дејвид Шнадоуер. Наодите од двете истражувања беа објавени во „Нова Англија“ списание за медицината.

-Имаше помали испитувања што дадоа ветувачки резултати. Сакавме да ги реплицираме овие наоди во голем обем за да видиме дали возраста на пациентот, видот на инфекцијата и употребата на антибиотиците или должината на времето кога детето ја имало болеста ќе влијаат на одговорот на пробиотиците – вели Шнадоуер, кој го спровел истражувањето како професор по педијатрија на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Вашингтон.

– Резултатите од двете истражувања постојано беа негативни, без оглед на тоа како се анализираат податоците – вели тој.

Истражувачите тестирале два комерцијално достапни пробиотици. Регрутирањето за канадското истражување почнало во 2013 година, а децата биле на возраст од 3 до 48 месеци. Половина од децата добивале пробиотици, додека другата половина плацебо.

– Овие наоди, земени заедно, се доста моќни. Резултатите покажуваат дека децата што се лекуваат со пробиотици имаат ист резултат во широк спектар на симптоми како и оние што примале плацебо – пробиотиците немаа ефект – вели Фридман.

– Резултатите даваат јасна порака дека треба да ги доведеме во прашање улогата и придобивките од пробиотиците за други здравствени примени што користат големи, ригорозни испитувања – додава тој.

Пробиотиците генерално се сметаат за безбедни за употреба. Тие се класифицирани како прехранбени состојки во Канада и можат да се продаваат како природни здравствени производи. Како такви, тие не подлежат на ригорозно научно тестирање како што имаат лековите, како што се повеќе клинички испитувања, за да се прикажат придобивките од нив.

– Досега, повеќето истражувања за ефектите на пробиотиците се мали и финансирани од индустријата. Со цел подобро да им служиме на семејствата, потребни ни се независни истражувања за да ги докажеме или да ги негираме тврдењата на продавачите на здравствени производи – вели Фридман.



912

X