Пркосните деца предобро ги познаваат своите родители. Динамиката во која таквото дете и родителите ќе западнат е рецепт за кавга и постојани фрустрации на сите. Со ова едноставно следење на три правила обидете се брзо да се разберете…

Кога ќе се најдете во ситуација вашето дете да ве одбие, да ве изненади со некоја своја реакција или сметате дека треба да интервенирате, важно е да покажете две компоненти во комуникацијата – емпатија и одлучност. За пример ќе земеме дете кое сака сладолед веднаш, пред вечерата.

Постапувајте по овој редослед:

1. Разбирам – Кога треба да го уверите детето дека не може сега да јаде сладолед, за почеток треба да му покажете дека разбирате и ја гледате неговата потреба за сладолед. Дури можете да забележите дека ги разбирате неговата тага, болка и лутина зашто во моментот не може да го добие.

2. Поставувам граница – Потоа треба да му поставите граници и правила, да му објасните зошто не може сега да јаде сладолед. Затоа што потоа нема да може да вечера.

3. Нудам компромис – За крај заедно договорете некое компромисно решение, на пример: „Можеш да добиеш сладолед, но по вечерата“.

 



912

X