Здравје

Пристигна првороденото бебе во 2020 година во Виница

Три недели по прославата на Нова година пристигна првороденото бебе во Општина Виница за 2020 година. Станува збор за девојче кое веќе го доби името Калина, а на свет ја донесе мајката Симона Соколова, која се породила во болницата во Штип.

За новата рожба, која е втора ќерка во семејството Соколови, им честита градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, при што врачи пригодни подароци со желби за здравје и среќа на бебето.

– Се надеваме дека првороденото женско бебе годинава во нашата општина ќе донесе плодност и бериќет. Тоа е повеќе од неопходно со оглед на постојаното опаѓање на наталитетот – истакна градоначалникот Димитров.

Главна причина за падот на наталитетот во Виничко во изминатите две децении е иселувањето на населението во странство.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top