Здравје

Природни лекови за убоди од комарци

Најчесто се безопасни, но тоа не значи дека не нè вознемируваат. За што станува збор? За убодите од комарци, се разбира. Кога доаѓа летото, инсектите се појавуваат во голем број. Се разбира, најдобриот начин за да се сопре убодот од комарец е да се превенира на вистинскиот начин. Има многу производи на пазарот кои се наменети за третман на убод од комарци или за превенција, но има и природни начини кои се од голема помош.

Јаболков оцет

Производ кој во моментов се препорачува во велнес-секторот. Оние што го пијат велат дека им помага при варењето на храната, па и за намалување на шеќерот во крвта, како и за подобар сон. Одличен е и за убод од комарец – едноставно ставете јаболков оцет на парче памук и истријте го нежно местото на кое ве каснал комарец. Оцетот функционира како природен дезинфициенс и ја смирува иритацијата на кожата.

Мајчина душичка

Мајчината душичка има антибактериски својства кои помагаат за намалување на иритацијата. Едноставно ставете неколку лисја во зовриена вода и оставете ги неколку минути. Водата нека се излади и потоа чиста крпа натопете ја во течноста, па ставете ја на местото на убодот. Оставете нека постои неколку минути и ќе почувствувате олеснување.

Алое вера

Благодарение на антивоспалителните својства, алое вера не е добро само за користење при изгореници од сонце, туку е одлично и за убоди од комарци. Сепак, бидете сигурни дека купувате чист производ, или најубаво би било да најдете растение алое вера и само да исечете еден лист, а потоа да ја истиснете содржината директно на местото од убодот.

Мед

Медот е вообичаена опција за домашен лек поради неговите антибактериски и антивоспалителни својства. Но, треба да сте сигурни дека е природен мед, без вештачки додатоци. Ставете малку директно на убодот од комарец и ќе почувствувате олеснување.

Сода бикарбона

Измешајте сода бикарбона со малку вода – доволно за да формирате паста. Нанесете на местото од убодот и чешањето треба да престане.

Автор: Шерил Фиерајзен

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top