Принцот Џорџ и принцезата Шарлот поминаа месеци во домашно учење и едукација заедно со своите родители, но на почетокот од септември се вратија во училиштето „Томас Батерси“. Станува збор за приватно училиште каде што една година чини 19.287 фунти – Џорџ сега ја започна третата година од образованието, додека неговата помала сестра Шарлот ја започна првата.
Многумина претпоставуваат дека соучениците се многу возбудени што имаат вистински принц и принцеза во нивните одделенија, но извори велат дека децата од Кембриџ се третирани на ист начин како и сите други ученици. Принцот Вилијам и сопругата Кејт го поддржуваат физичкото присуство на децата во училиште, со цел тие да имаат колку што е можно „понормално“ детство. Тука се вклучени и нивните имиња.
Целосното име на Шарлот е – Шарлот Елизабет Дајана, а нејзината официјална титула е нејзиното кралско височество принцезата Шарлот од Кембриџ. Па интересно е да се замисли како децата и наставниците ги именуваат Шарлот и Џорџ. Изгледа дека и Шарлот ги следи чекорите на постариот брат и другите членови од кралското семејство, па ги користат титулите на родителите како презиме – Кембриџ. Веројатно врсниците ќе ја именуваат само како Шарлот Кембриџ, а се верува дека така е именуван и нејзиниот брат – Џорџ Кембриџ.
Инаку целосното име на принцот е – Џорџ Александер Луис, неговото кралско височество принц Џорџ од Кембриџ. Другарите на принцот смислиле сладок прекар за него – Пи Џи. Татко му Вилијам и чичко му, принцот Хари, го користеле истиот начин за своите имиња, користејќи ја титулата на татко им Чарлс – Велс како нивно презиме. Истото презиме го употребиле и во текот на нивните воени кариери.
Во училиштето каде што следат настава Шарлот и Џорџ се нудат различни и возбудливи програми, како и религиозни студии, компјутери и балет. Кејт и Вилијам одлучиле во ова училиште да оди и Шарлот бидејќи принцот Џорџ бил задоволен и добро му одело. Извор близок до кралското семејство истакна за магазинот „Венити Фер“ дека Џорџ е многу популарен и има многу другари, а не се крева многу прашина околу тоа кој е навистина тој. До училиште го носат или Вилијам или Кејт.
„Вилијам сака да разговара со родителите на другите деца откако ќе го однесе синот на училиште. Многу е комуникативен и друштвен“, додал изворот.
Автор: Зои Форси