Принцот Џорџ ќе биде ѕвезда во новата анимирана серија.

Стриминг-услугата на Ејч-би-о, Ејч-би-о Макс, ја најави новата анимирана серија што ќе биде сатира базирана на принцот Џорџ и неговото семејство, под наслов „Принцот“.

Серијата е инспирирана од мемињата на принцот Џорџ создадени од американскиот писател и продуцент Гери Џенет, кои можеби сте ги виделе на неговиот инстаграм-профил (@garyjanetti).

Во мемињата Гери има создадено урнебесно алтер его на принцот кој е саркастичен, дрзок, кажува пцости и пред сè, е амбициозен.

Профилот на Гери во моментот има речиси 900.000 следбеници, вклучувајќи познати личности како Кејт Бекинсејл, Софи Тарнер и Ејми Шумер, кои честопати пишуваат на неговите објави за принцот Џорџ.

Серијата ќе биде сатира и веројатно во неа ќе бидат вклучени и останатите членови на неговото семејство, меѓу кои и Меган Маркл, неговата сестра Шарлот и бебето Арчи.

ТВ-платформата ги сподели вестите на Твитер и откри како ќе изгледаат цртаните ликови на кралското семејство.

 

 

View this post on Instagram

 

George is pleased.

A post shared by Gary Janetti (@garyjanetti) on

Извор



912

X