Воспитување

Како се разговара во емоционално здраво семејство

За важноста на развојот на чувството за емоционална сигурност на сите членови во семејството многу се зборува. Еве неколку примери што ќе ви покажат како се разговара во емоционално здрави средини кога ќе се случи некој проблем.

Кога ќе влезете во тоалетот и ќе видите дека веце-школката почнала да се прелива, веднаш знаете дека некој внатре фрлил нешто што не треба, па веројатно ќе истрчате и ќе ги прашате домашните што се случило. Потоа детето од 4 години доаѓа и вели: „Изгледа е тоа поради мене, фрлив многу хартија, ми требаше ролната. Извини, мамо“. А мајката наместо „Не можам да верувам дека си го направил тоа! Денес немој да ме прашуваш ниту за цртани ниту за сладолед!“, вели: „Добро, ти благодарам на искреноста. Те молам следниот пат да бидеш повнимателен“.

Кога тинејџерката што е излезена во град со друштво ќе ви се јави плачејќи и ќе ви рече: „Ме фатија со алкохол. Што да правам?“ Вие наместо „Ќе имаш проблем дури кога јас ќе ти дојдам таму!“, речете: „Не грижи се. Не е крај на светот. Со кого си? Каде? Дали сте безбедни?“

Кога ќе му кажете на сопругот „Оди провери дали дише. Предолго спие“. А тој наместо „Не трескај глупости, те молам!“, ќе одговори: „Ќе проверам. Но, од што се плашиш?“, тоа е некој со кого можете да разговарате, на пример, за својот страв од синдром на изненадувачка детска смрт, додека тој внимателно и без осуда ве слуша.

Кога матурантот ќе каже: „Се плашам дека ќе погрешам при изборот на факултет. Дека ќе се покајам кога ќе се запишам“, а вие наместо „Немаш уште многу време за мислење, тоа ти е одлука за цел живот, а треба веќе да почнеш да се спремаш“, ќе кажете „Секогаш можеш да го промениш мислењето. Неуспехот е и резултат. И преку неуспехот се учи“.

Во домот каде што постои емоционална сигурност животот станува многу поразличен. Речиси и да нема страв, а лутина уште помалку.

Автор: Наташа Ремиш

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top